ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 74
  • Што значи бројот 666?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи бројот 666?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Да се идентификува дивиот ѕвер и неговиот знак
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • 666 — не е само загатка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Борба со два крволочни ѕвера
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Книгата Откровение — какво значење има за Божјите непријатели
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 74
Еден ѕвер со седум глави и десет рогови чиј број, или име, е 666.

Што значи бројот 666?

Што вели Библијата:

Според последната библиска книга, 666 е бројот или името на ѕверот кој има седум глави и десет рогови и излегува од морето (Откровение 13:1, 17, 18). Ѕверот го претставува светскиот политички систем кој владее над секое ,племе, народ, јазик и народност‘ (Откровение 13:7). Името 666 покажува дека во Божји очи политичкиот систем е чисто промашување. Зошто?

Не е само обично име. Имињата кои ги дава Бог имаат значење. На пример, затоа што му ветил дека ќе го направи „татко на многу народи“, Бог му го сменил името на Аврам, што значи „татко на возвишеноста“, во Авраам, што значи „татко на мноштво“ (1. Мојсеева 17:5, фусноти). Слично на тоа, Бог му го дал на ѕверот името 666 за да ги опише неговите обележја.

Бројот шест означува несовршеност. Честопати, броевите во Библијата имаат симболично значење. Бројот седум означува потполност или совршеност. Бројот шест е за еден помал од бројот седум, и означува непотполност или несовршеност во Божји очи. Освен тоа, во некои случаи се поврзува со Божјите непријатели (1. Летописи 20:6; Даниел 3:1).

Три шестки за нагласување. Понекогаш, во Библијата некои работи се повторуваат три пати со цел да се нагласат (Откровение 4:8; 8:13). Затоа името 666 многу јасно покажува дека за Бог политичките системи се чисто промашување. Тие не се способни да донесат траен мир и сигурност — нешто кое може да го постигне само Божјето Царство.

Жигот на ѕверот

Во Библијата пишува дека голем број луѓе го имаат „жигот на ѕверот“ затоа што го следат „со одушевување“ и му се поклонуваат (Откровение 13:3, 4; 16:2). Тие го прават ова со тоа што ѝ оддаваат чест на својата земја — на нејзините државни симболи или на нејзината воена сила. Во The Encyclopedia of Religion пишува: „Денес, национализмот е толку многу раширен што се смета за религија“.a

Како некој го добива жигот на ѕверот на десната рака или на челото? (Откровение 13:16). Кога Јехова им ги дал своите заповеди на Израелците, тој им рекол: „Врзете си ги како знак на раката и нека ви бидат како лента на челото“ (5. Мојсеева 11:18). Ова не значело дека Израелците требало дословно да си ги обележат рацете и челата. Тие требало да дозволат Божјите зборови да влијаат врз сите нивни мисли и постапки. Слично на тоа, бројот 666 не е дословен жиг, туку симболичен знак со кој се обележани оние што дозволуваат политичкиот систем да им го контролира животот. Луѓето што го имаат жигот на ѕверот му стануваат непријатели на Бог (Откровение 14:9, 10; 19:19-21).

a Види и во книгите: Nationalism in a Global Era, страница 134 и Nationalism and the Mind: Essays on Modern Culture, страница 94.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели