ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 79
  • Дали Божјето Царство е во твоето срце?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Божјето Царство е во твоето срце?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Дали Божјето Царство е состојба на срцето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Божјето Царство
    Разбудете се! 2013
  • Што може да значи Божјето Царство за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали Божјето Царство е во твоето срце?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 79
Слика на човечко тело во кое не може дословно да постои Божјето Царство

Дали Божјето Царство се наоѓа во твоето срце?

Што вели Библијата:

Не. Божјето Царство не е во срцето на христијаните.a Во Библијата ова Царство е наречено ,небесно царство‘, и тоа јасно покажува дека се наоѓа на небото (Матеј 4:17). Да видиме на кој начин Библијата открива дека Божјето Царство е вистинска влада која владее од небото.

  • Божјето Царство има свои владетели, поданици, закони и цел да овозможи Божјата волја да се врши и на небото и на Земјата (Матеј 6:10; Откровение 5:10).

  • Божјата влада, односно Царство, ќе владее над сите „народи, племиња и јазици“ на Земјата (Даниел 7:13, 14). Владетелите на оваа влада се избрани директно од Бог, а не од нејзините поданици (Псалм 2:4-6; Исаија 9:7).

  • Исус им кажал на своите верни апостоли дека и тие ќе бидат во Царството на небото и дека ќе ,седат на престоли‘ (Лука 22:28, 30).

  • Божјето Царство има свои непријатели кои ќе ги уништи (Псалм 2:1, 2, 8, 9; 110:1, 2; 1. Коринќаните 15:25, 26).

Во Библијата не пишува дека небесното Царство е во нашето срце, односно дека тоа владее во нас. Но, таа ни кажува дека „речта за царството“ или ,добрата вест за царството‘ може и треба да влијае врз нашето срце (Матеј 13:19; 24:14).

Што значи изјавата „Царството Божјо е во вас“?

Некои луѓе се збунети и не знаат каде се наоѓа Божјето Царство поради различните преводи на Лука 17:21. На пример, во Преводот на МПЦ пишува: „Царството Божјо е во вас“. За исправно да ја разбереме оваа изјава, мора да го земеме предвид контекстот во кој била кажана.

Некои од верските водачи кои му се противеле на Исус

Божјето Царство не било во срцето на тврдокорните и злобни противници на Исус

Исус ја кажал оваа изјава кога зборувал со фарисеите, група верски водачи кои биле против него и сакале да го погубат (Матеј 12:14; Лука 17:20). Според ова, дали е логично да заклучиме дека Царството било во нивното тврдокорно срце? Исус им рекол: „Однатре сте полни со лицемерство и беззаконие“ (Матеј 23:27, 28).

Од таа причина, во други преводи на Библијата на македонски јазик зборовите на Исус точно се преведени со „меѓу вас“ (Превод Нов свет) или „во вашата средина“ (Превод на д-р Д. Х. Константинов). Божјето Царство било меѓу нив или во нивната средина во таа смисла што Исус, оној кого Бог го избрал за владетел на тоа Царство, стоел пред нив (Лука 17:21).

a Многу христијански религии поучуваат дека Божјето Царство е во самите луѓе, односно во нивното срце. На пример, според Јужните баптисти во САД, Божјето Царство делумно го претставува „владеењето на Бог во срцето и во животот на секој човек“. Слично на ова, во својата книга Исус од Назарет, папата Бенедикт XVI напишал дека „Божјето Царство доаѓа кога имаме послушно срце“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели