ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwfq статија 41
  • Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?
  • Најчесто поставувани прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кои се членови на Водечкото тело?
  • Како е организирано Водечкото тело?
  • Кои се помошници на Водечкото тело?
  • ,Почитувајте ги таквите браќа‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како е организирано Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како функционира Водечкото тело денес?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Обединети во љубов — извештај од годишниот состанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Најчесто поставувани прашања
ijwfq статија 41
Членовите на еден одбор на Водечкото тело и нивните помошници имаат состанок.

Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?

Водечкото тело го сочинува една мала група зрели христијани кои им даваат водство на Јеховините сведоци во целиот свет. Тие имаат две главни задачи:

  • Го надгледуваат подготвувањето на библиските упатства кои излегуваат во публикациите и кои се разгледуваат на состаноците и школите на Јеховините сведоци (Лука 12:42).

  • Го надгледуваат меѓународното дело на Јеховините сведоци така што го организираат проповедањето и одредуваат како да се користат доброволните прилози.

Водечкото тело го следи примерот на „апостолите и старешините во Ерусалим“, кои во првиот век носеле важни одлуки во корист на целото христијанско собрание (Дела 15:2). Исто како тие верни мажи, членовите на Водечкото тело не се водачи на нашата организација. Тие дозволуваат да ги води Божјата Реч и признаваат дека Јехова Бог го поставил Исус Христос како глава на собранието (1. Коринќаните 11:3; Ефешаните 5:23).

Кои се членови на Водечкото тело?

Членови на Водечкото тело се: Гејџ Флигл, Герит Леш, Дејвид Сплејн, Кенет Кук, Марк Сандерсон, Семјуел Херд, Стивен Лет, Џејкоб Рамф, Џефри Виндер, Џефри Џексон и Џоди Џејдли. Тие служат во нашето главно седиште во Ворвик (Њујорк, САД).

Како е организирано Водечкото тело?

Водечкото тело има формирано шест одбори кои надгледуваат различни активности поврзани со нашето дело. Секој член служи во еден или во повеќе од овие одбори.

  • Одбор на координатори: Води сметка за правните аспекти и ги координира работите во случај на катастрофи, во ситуации кога Јеховините сведоци се прогонувани поради своите верски убедувања или во други вонредни ситуации во кои може да се најдат Јеховините сведоци.

  • Одбор за персонал: Се грижи за сите работи поврзани со членовите на бетелските семејства.

  • Одбор за издавање: Се грижи за печатењето и доставувањето на библиската литература, и ја надгледува изградбата на сали за состаноци, преведувачки канцеларии и подружници.

  • Одбор за служба: Го надгледува проповедањето на добрата вест за Царството (Матеј 24:14).

  • Одбор за поучување: Се грижи за подготовката на духовните поуки што се изнесуваат на состаноците и школите, и што ги добиваме преку аудио и видеоматеријалите.

  • Одбор за пишување: Се грижи за подготовката на духовните поуки кои излегуваат во печатен формат или на нашата интернет-страница. Исто така, ја надгледува работата на преведувачките тимови.

Освен што служат во овие одбори, секоја седмица членовите на Водечкото тело одржуваат состанок на кој ги разгледуваат потребите на организацијата. На овие состаноци, тие разговараат за она што го пишува во Библијата и го следат водството на светиот дух трудејќи се да донесуваат едногласни одлуки (Дела 15:25).

Кои се помошници на Водечкото тело?

Тоа се христијани достојни за доверба кои им помагаат на одборите на Водечкото тело (1. Коринќаните 4:2). Тие имаат способности и искуство кои се потребни за да можат да му помагаат на одборот на кој се доделени, и присуствуваат на неговиот седмичен состанок. Иако не учествуваат кога се донесуваат одлуки, помошниците обезбедуваат додатни информации, даваат конструктивни предлози, ги спроведуваат одлуките на одборот и редовно ги проверуваат резултатите од нив. Освен тоа, можат да добијат задача од Водечкото тело да посетат разни земји во светот или да држат говори на Годишниот состанок или, пак, кога се одржува дипломирање на Школата Гилеад.

ПОМОШНИЦИ НА ОДБОРИТЕ НА ВОДЕЧКОТО ТЕЛО

Одбор

Име

Одбор на координатори

  • Пол Гилис

  • Трој Снајдер

  • Џон Екран

Одбор за персонал

  • Даниел Молчан

  • Марк Скот

  • Патрик Лафранка

  • Ралф Волс

  • Џералд Гризл

Одбор за издавање

  • Алекс Рајнмилер

  • Гајус Глокентин

  • Дејвид Синклер

  • Доналд Гордон

  • Питер Прајс

  • Роберт Батлер

  • Роберт Лучони

  • Харолд Коркерн

Одбор за служба

  • Балтазар Перла

  • Бети Џорџес

  • Вилијам Тарнер

  • Гери Бро

  • Ентони Грифин

  • Кристофер Мејвор

  • Леон Вивер

  • Сет Хајат

  • Џоел Делингер

  • Џонатан Смит

Одбор за поучување

  • Вилијам Маленфонт

  • Дејвид Шејфер

  • Кенет Флодин

  • Мајкл Бенкс

  • Марк Њумер

  • Роналд Карзан

Одбор за пишување

  • Ајзак Мареј

  • Кенет Годбурн

  • Клајв Мартин

  • Ленард Маерс

  • Николас Аладис

  • Пер Кристенсен

  • Роберт Сиранко

  • Херманус ван Селм

  • Џејмс Менц

  • Џин Смали

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели