ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 102
  • Дали коцкањето е грев?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали коцкањето е грев?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Што вели Библијата за коцкањето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Коцкање
    Разбудете се! 2015
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 102
Еден човек гледа во своето лото ливче додека ги слуша резултатите на телевизија

Дали коцкањето е грев?

Што вели Библијата:

Иако Библијата не зборува во детали за коцкањето, библиските начела можат да ни помогнат да сфатиме дека Бог го смета коцкањето за грев (Ефешаните 5:17).a

  • Зад коцкањето стои алчноста, која Бог ја мрази (1. Коринќаните 6:9, 10; Ефешаните 5:3, 5). Кога некој се коцка очекува да добие пари што некој друг ги изгубил, а Библијата ја осудува желбата да имаме нешто што не е наше (2. Мојсеева 20:17; Римјаните 7:7; 13:9, 10).

  • Ако се коцкаме, дури и за мали суми, може да развиеме љубов кон парите. Таквата љубов кон парите ќе ни нанесе голема штета (1. Тимотеј 6:9, 10).

  • Оние што се коцкаат честопати се суеверни и веруваат во среќа. Ако имаме такви ставови не можеме да кажеме дека му служиме на Бог затоа што тие се еден вид идолопоклонство (Исаија 65:11).

  • Библијата не нѐ учи да сакаме лесно да ги добиваме работите, туку нѐ учи трудољубиво да работиме (Проповедник 2:24; Ефешаните 4:28). Оние што ги следат библиските совети ќе можат да го „јадат лебот што самите го заработуваат“ (2. Солуњаните 3:10, 12).

  • Оние што се коцкаат може да развијат штетен натпреварувачки дух, кој Библијата не го одобрува (Галатите 5:26).

a Библијата конкретно го спомнува коцкањето само кога кажува дека римските војници фрлиле ждрепка за облеката на Исус (Матеј 27:35; Јован 19:23, 24).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели