ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 75
  • Што ако другарка ми ме повреди?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако другарка ми ме повреди?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што треба да знаеш
  • Што можеш да направиш
  • Зошто пријателот ме повреди?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Зошто пријателот ме повреди?
    Разбудете се! 2000
  • Што значи да простиш?
    Одговор на библиски прашања
  • Внимавај да не спрепнеш „ниту еден од овие маливе“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 75
Една девојка ѝ кажува навредливи работи на друга девојка

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако другарка ми ме повреди?

  • Што треба да знаеш

  • Што можеш да направиш

  • Што велат други млади

Што треба да знаеш

  • Проблемите се неизбежен дел од секој меѓучовечки однос. Некоја твоја другарка,a можеби дури и твојата најдобра другарка, понекогаш ќе направи или ќе каже нешто што ќе те повреди. Зошто? Бидејќи е несовршена. Но, и ти си несовршена. Биди фер и признај дека и ти некогаш си повредила некого (Јаков 3:2).

  • Интернетот може да придонесе за повредени чувства. Давид, кој е тинејџер, вели: „Ако додека си на некоја социјална мрежа видиш слики од некоја забава на која е и твојот другар, може да почне да те копка мислата зошто и ти не си поканет. Ова може да предизвика да се чувствуваш отфрлено и разочарано“.

  • Можеш да научиш да се справиш со ситуацијата.

Што можеш да направиш

Преиспитај се. Библијата вели: „Немој брзо да се навредуваш, зашто навредливоста почива во пазувите на безумните“ (Проповедник 7:9).

„Понекогаш отпосле сфаќаш дека си се нервирал за глупости“ (Алиса).

Прашај се: Дали сум преосетлива? Можам ли да научам да бидам потолерантна кон другите? (Проповедник 7:21, 22).

Размисли зошто е добро да простиш. Библијата вели дека е чест за човекот „да премине преку престапот“ (Изреки 19:11).

„Дури и да имаш причина да си лута, добро е да простиш. Да простиш не значи постојано да го потсетуваш другиот на грешката и да го тераш нон-стоп да ти се извинува за тоа. Кога си одлучил да простиш, прости и заборави“ (Малори).

Прашај се: Дали е стварно толку страшно? Дали можам да простам за да има мир? (Колошаните 3:13).

Пуштање ладен воздух во загреана соба

Ако на другарка ти постојано ѝ замеруваш за секоја ситница, вашето пријателство може да олади исто како што ладниот воздух може да олади една загреана соба ако постојано ја отвораш вратата

Мисли и на другиот. Библијата вели: „Не грижете се само за себе туку и за другите“ (Филипјаните 2:4).

„Кога во едно пријателство има љубов и почит, имаш силна причина брзо да ги решаваш проблемите. Веќе си вложил многу во тоа пријателство и сигурно не сакаш лесно да го изгубиш“ (Никол).

Прашај се: Дали и мојата другарка е барем донекаде во право? (Филипјаните 2:3).

Заклучок: Ако сега научиш да се справуваш со повредените чувства, тоа многу ќе ти користи кога ќе станеш возрасна.

Што велат други млади

Киана

„Не мора човек од секоја ситница да прави голема работа. Ако можам нешто да расчистам во мојата глава, го расчистувам и крај. Така ќе се зачува мирот, а не ако му замерувам на другиот за сѐ и сешто“ (Киана).

Треј

„Кога ќе дојде до некој проблем, си велам: ’Се исплаќа ли поради ова да се скарам со другар ми?‘ Скоро секогаш одговорот е не!“ (Треј).

a Во оваа статија ќе користиме женски род, но советите важат и за девојките и за момчињата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели