ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 160
  • Зошто Исус е наречен Божји Син?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Исус е наречен Божји Син?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата
  • Дали Исус живеел на небото пред да се роди на Земјата?
  • Што правел Исус пред да дојде на Земјата?
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали Исус навистина бил Божји син?
    Разбудете се! 2006
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 160
Исус му се моли на својот небесен Татко

Зошто Исус е наречен Божји Син?

Што вели Библијата

Библијата честопати го нарекува Исус „Синот Божји“ (Јован 1:49). Од изразот „Синот Божји“ гледаме дека Бог е тој што го создал Исус. Всушност, Бог е изворот на животот, тој ги создал сите живи суштества (Псалм 36:9; Откровение 4:11). Библијата ни кажува дека Бог е Творецот. Според тоа, тој нема потреба да има жена за да има свои деца.

Во Библијата, и ангелите се наречени синови на вистинскиот Бог (Јов 1:6). Исто така, за првиот човек, Адам, Библијата вели дека бил „син на Бог“ (Лука 3:38). Сепак, Библијата ни помага да сфатиме дека Исус е најзначајниот син на Бог. Зошто? Бидејќи тој е првото Божје создание и единственото суштество кое е директно создадено од Бог.

  • Дали Исус живеел на небото пред да се роди на Земјата?

  • Што правел Исус пред да дојде на Земјата?

Дали Исус живеел на небото пред да се роди на Земјата?

Да. Пред да се роди како човек на Земјата, Исус бил духовно суштество на небото. Во една прилика, самиот тој рекол дека слегол од небото (Јован 6:38; 8:23).

Пред да создаде сѐ друго што постои, Бог најпрво го создал Исус. Во врска со Исус, во Библијата пишува:

  • „Тој е... првороден од сѐ што е создадено“ (Колошаните 1:15).

  • Тој е „почетокот на Божјите дела на создавање“ (Откровение 3:14).

Исус го исполнил пророштвото во врска со оној „кој потекнува од дамнини, од прадамнешните денови“ (Михеј 5:2; Матеј 2:4-6).

Што правел Исус пред да дојде на Земјата?

Тој имал висока положба на небото. Тоа го дознаваме од една молитва што тој ја кажал. Во неа рекол: „Татко, прослави ме... со славата што ја имав кај тебе пред да настане светот“ (Јован 17:5).

Тој му помагал на својот Татко да создаде сѐ друго што постои. Исус соработувал со својот Татко, тој бил негов „вешт градител“ (Изреки 8:30). Во врска со Исус, Библијата вели: „Преку него е создадено сѐ на небесата и на земјата“ (Колошаните 1:16).

Бог преку Исус создал сѐ што постои. Во тоа спаѓаат и ангелите, како и физичкиот свет (Откровение 5:11). Во некоја смисла, соработката на Бог и на Исус била како соработка помеѓу архитект и градежник. Архитектот го осмислува проектот, а градежникот го реализира.

Тој бил Речта. Кога Библијата се осврнува на Исусовото претчовечкото постоење, го нарекува „Речта“ (Јован 1:1). Очигледно, Бог го користел својот Син за да им пренесува информации и упатства на ангелите.

Голема е веројатноста дека, кога Бог им се обраќал и на луѓето, го правел тоа преку Исус. Кога Бог им давал упатства на Адам и Ева во градината Еден, најверојатно го правел тоа преку Речта, односно Исус (1. Мојсеева 2:16, 17). Можно е токму Исус да бил ангелот кој ги водел Израелците низ пустината и чиј глас морале да го слушаат (2. Мојсеева 23:20-23).a

a Исус, кој е наречен Речта, не бил единствениот ангел преку кој Бог зборувал. На пример, Бог употребил и други духовни синови, односно ангели, за да им го пренесе Законот на Израелците (Дела 7:53; Галатите 3:19; Евреите 2:2, 3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели