ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwwd статија 6
  • Сетилото за мирис кај кучињата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сетилото за мирис кај кучињата
  • Случајно или создадено?
  • Сличен материјал
  • Дали децата се безбедни со вашето куче?
    Разбудете се! 1997
  • Како да го дресирате Вашето куче
    Разбудете се! 2004
  • Моето куче слуша за мене!
    Разбудете се! 1999
Случајно или создадено?
ijwwd статија 6
Нос на куче

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Сетилото за мирис кај кучињата

Истражувачите велат дека со своето сетило за мирис кучињата можат да ги проценат возраста, полот и расположението на другите кучиња. Тие можат да бидат обучени да пронаоѓаат експлозиви и дрога. Луѓето обично го користат сетилото за вид за да го осознаат светот околу себе, но кучињата првенствено го користат сетилото за мирис. Може да се каже дека тие „читаат“ со својот нос.

Размисли: Сетилото за мирис кај кучињата е илјадници пати поизострено отколку кај луѓето. Според американскиот Национален институт за стандарди и технологија, кучето „може да насети некоја состојка дури и ако таа е само еден билионити дел од некоја супстанција“. Тоа е исто како некој да може да го почувствува вкусот на шеќерот ако само четвртина лажиче е растворено во стотици илјади литри вода.

На што се должи ова изострено чувство за мирис кај кучињата?

  • Бидејќи има влажен нос, кучето полесно ги „лови“ мирисните честици од воздухот.

  • Кога кучето душка, еден дел од воздухот оди во белите дробови, а другиот оди во задниот дел од носната шуплина каде што се наоѓаат рецепторите за мирис.

  • Површината на делот во носот на кучето каде што се наоѓаат рецепторите за мирис може да изнесува и повеќе од 130 квадратни сантиметри, додека кај луѓето изнесува само пет квадратни сантиметри.

  • Кучето може да има дури 50 пати повеќе рецептори за мирис од луѓето.

Сето ова му овозможува да ги распознае поединечните состојки на некој сложен мирис. На пример, ние го чувствуваме мирисот на супата, но стручњаците велат дека кучињата можат да ја распознаат секоја состојка на супата.

Човекот го препознава мирисот на супата, а кучето ја препознава секоја поединечна состојка во неа

Истражувачите во Pine Street Foundation, институт за истражување на рак, велат дека мозокот и носот кај кучињата функционираат заедно како „еден од најсложените детектори за мирис на планетата“. Научниците се обидуваат да направат електронски „носеви“ со кои ќе можат да се разоткриваат експлозиви, шверцувани производи, но и болести како што е ракот.

Што мислиш? Дали сетилото за мирис кај кучињата настанало по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели