Фуснота
a Некои наведуваат поинаква причина: Можеби Евреите биле под влијание на грчката филозофија. На пример, Филон, еврејски филозоф од Александрија кој отприлика бил современик на Исус, бил под силно влијание на грчкиот филозоф Платон, за кого мислел дека е божествено инспириран. Lexikon des Judentums (Лексиконот на јудаизмот), под „Филон“ наведува дека Филон „ги обединил јазиците и идеите на грчката филозофија (Платон) со откриената вера на Евреите“ и дека пред сѐ „имал видливо влијание врз христијанските црквени отци“. Филон сметал дека Бог е неодредлив и дека затоа е безимен.