Фуснота
a На пример, во Нигерија народот Јоруба има традиционално верување во реинкарнација на душата. Затоа, кога мајка ќе изгуби дете, има голема жалост, но само за краток период, бидејќи, како што гласи една јоруба песна: „Водата е истурена. Лејката не е скршена“. Според народот Јоруба, тоа значи дека лејката која ја носи водата е мајката која може да роди уште едно дете, можеби реинкарнација на мртвото. Јеховините сведоци не се придржуваат за никакви традиции темелени на суеверие што потекнуваат од лажни идеи за бесмртност на душата и реинкарнација, кои немаат темел во Библијата (Проповедник 9:5, 10; Језекиил 18:4, 20).