Фуснота
b Коранот вели: „Неговото име ќе биде Христос Исус, синот на Марија, почестен на овој свет и на другиот свет“ (Сура 3:45). Како човек, Исус бил син на Марија. Но кој татко бил одговорен за тоа? Коранот забележува: „Сличноста на Исус пред Бог е како онаа на Адам“ (Сура 3:59). Светото писмо зборува за Адам како за ‚син Божји‘ (Лука 3:23, 38). Ниту Адам ниту Исус имале човечки татко; ниту еден не произлегол од сексуални односи со жена. Според тоа, како што Адам бил син Божји, така бил и Исус.