Фуснота
c Commentary on the Old Testament (Коментар кон Стариот завет), од К. Ф. Кил и Ф. Делич, вели: „Беседата на пророкот овде има пауза. На фактот дека на ова место се дели на два дела укажува празниот простор во текстот оставен помеѓу 9. и 10. стих. Овој начин на одбележување на поголеми или помали делови — или со оставање празен простор или со прекинување на редот — е постар од точките за самогласки и од акцентите, а почива врз една многу древна традиција“.