Фуснота
g Оттука натаму, за Савле се употребува името Павле. Некои сметаат дека тој решил да го користи ова римско име во чест на Сергиј Павле. Сепак, тоа што го задржал ова име и откако си заминале од Кипар укажува на едно друго објаснување — имено, Павле, кој бил „апостол испратен кај другите народи“, оттогаш решил да го користи римското име кое веројатно го имал уште од детството. Можеби се решил за името Павле и затоа што грчкиот изговор на неговото хебрејско име, Савле, е многу сличен на изговорот на еден грчки збор што нема убаво значење (Рим. 11:13).