Фуснота
b Тертул му се заблагодарил на Феликс за „големиот мир“ кој им го донел на Израелците. Но, факт е дека, додека Феликс бил управител, во Јудеја имало повеќе немири отколку за време на владеењето на кој и да било друг од претходните управители, сѐ до побуната против Римјаните. Чиста лага било и тоа што Тертул рекол дека Евреите чувствуваат „најголема благодарност“ за реформите што ги спровел Феликс. Всушност, повеќето Евреи го презирале затоа што им го загорчувал животот и немилосрдно ги задушувал нивните востанија (Дела 24:2, 3).