Фуснота
a После смртта на Ч. Т. Расел, била подготвена една публикација која била означена како седми том од Студии на Писмото, во обид да се даде објаснување на книгите Језекиил и Откровение. Тој том делумно се темелел на коментарите кои Расел ги дал за тие библиски книги. Меѓутоа, времето да се открие значењето на тие пророштва сѐ уште не било дојдено и, општо земено, објаснувањето кое било дадено во тој том од Студии на Писмото било нејасно. Во наредните години, Јеховината незаслужена љубезност и развојот на настаните на светската сцена им овозможиле на христијаните поточно да проникнат во значењето на тие пророчки книги.