Фуснота
a Таква амбициозна сплетка не била својствена за еден понизен човек, полн со ценење, каков што бил Мефивостеј. Несомнено, тој добро го знаел верното досие на својот татко Јонатан. Иако бил син на цар Саул, Јонатан понизно го признал Давид како Јеховин избран цар над Израел (1. Самоил 20:12—17). Како богобојазлив родител на Мефивостеј и лојален пријател на Давид, Јонатан не би го поучил својот млад син да има амбиции кон царска моќ.