Фуснота
b Иако мислењата се разликуваат, некои го идентификуваат храмот на Даган со храмот на Ел. Ролан де Во, француски изучувач и професор на Ерусалимската школа за библиски студии, укажува дека Даган, Дагон од Судии 16:23 и 1. Самоил 5:1—5, е вистинското име на Ел. Една енциклопедија коментира дека веројатно „Даган во некоја смисла бил идентификуван или изедначен со [Ел]“ (The Encyclopedia of Religion). Во текстовите од Рас Шамра, Ваал е наречен синот на Даган, но значењето на „син“ овде не е сигурно.