Фуснота
a Цар Давид од древниот Израел ја презел од Евусејците тврдината на земната гора Сион и ја направил своја престолнина (2. Самоил 5:6, 7, 9). На тоа место го префрлил и светиот Ковчег (2. Самоил 6:17). Бидејќи Ковчегот бил поврзан со Јеховината присутност, на гората Сион се укажувало како на место каде што престојува Бог, па затоа е соодветен симбол за небото (Излез 25:22; Левит 16:2; Псалм 9:11; Откровение 11:19).