Фуснота
c Овој извештај ни открива два примера на непочитување. Како прво, Законот јасно пропишувал кои делови од жртвата требало да ги добие свештеникот (5. Мојсеева 18:3). Но, во светиот шатор, злобните свештеници вовеле една сосема поинаква практика. Тие ги терале своите слуги да пикнат голема вилушка во котелот во кој се варело месото, и ги земале убавите парчиња месо што ќе се забоделе на неа! Второ, кога луѓето ќе ги донеле своите жртви да се изгорат на жртвеникот, овие расипани свештеници ќе испрателе некој од слугите да му се заканува на човекот што ја принесувал жртвата, барајќи да им даде живо месо уште пред да му се принесе на Јехова лојот од жртвата (3. Мојсеева 3:3-5; 1. Самоилова 2:13-17).