Фуснота
d Пронајдени се потврди за деловни зделки од сите години за кои се смета дека го сочинувале периодот на неовавилонските цареви. Кога ќе се соберат годините во кои владееле овие цареви и се бројат наназад од Набонид, последниот неовавилонски цар, се доаѓа до заклучок дека Ерусалим бил уништен во 587 год. пр.н.е. Но, оваа метода на пресметување е точна само ако секој цар го наследувал претходниот во истата година, односно ако меѓу нив немало други цареви.