ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ

Фуснота

a Ако нема доволно нови пионери за да се формира еден клас, тогаш некои пионери што не биле на оваа школа во последните пет години можат повторно да бидат поканети.

Школа за собраниски старешини

Цел: Да им помогне на старешините да се грижат за своите одговорности во собранието и да ја продлабочат својата духовност.

Колку трае: Пет дена.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата; обично во некоја Сала на Царството или во Конгресна сала.

Кој може да учествува: Само старешини.

Како да се запишеш: Старешините добиваат покана од подружницата.

Еве што рекле некои што присуствувале на 92. клас во САД:

„Извлеков голема корист од оваа школа. Таа ми помогна да се преиспитам и да видам како можам подобро да се грижам за Јеховините овци“.

„Сега можам уште повеќе да ги охрабрувам другите со библиски стихови“.

„Никогаш нема да ја заборавам обуката што ја добив на оваа школа!“

Школа за патувачки надгледници и нивните сопруги

Цел: Да им помогне на покраинските и обласните надгледници поделотворно да им служат на собранијата и ‚марливо да говорат и поучуваат за Божјата реч‘ (1. Тим. 5:17; 1. Пет. 5:2, 3).

Колку трае: Два месеца.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата.

Кој може да учествува: Само покраински или обласни надгледници.

Како да се запишеш: Патувачките надгледници и нивните сопруги добиваат покана од подружницата.

„Се зголеми нашето ценење за организацијата и за поглаварството на Исус. Сфативме колку е потребно да ги храбриме браќата на кои им служиме и да го зајакнуваме единството во секое собрание. Школата ни помогна да разбереме дека, иако патувачкиот надгледник дава совети а понекогаш и исправки, неговата главна цел е да им помогне на браќата да сфатат дека Јехова ги сака“ (Џоел, 1. клас, 1999 год.).

Библиска школа за неженети браќа

Цел: Да ги подготви неженетите старешини и слуги-помошници за дополнителни одговорности во Јеховината организација. Мнозина од оние што ќе ја завршат оваа школа ќе добијат задача да служат во својата земја, во места каде што има поголема потреба од објавители. Некои може да добијат задача да служат во друга земја, доколку се стават на располагање за тоа. Други би можеле да служат како привремени специјални пионери кои ќе го започнат делото на оддалечени и изолирани подрачја, или ќе помогнат уште повеќе да се проповеда на такви места.

Колку трае: Два месеца.

Каде се одржува: За тоа одлучува подружницата; обично во некоја Сала на Царството или во Конгресна сала.

Кој може да учествува: Неженети браќа на возраст од 23 до 62 години, кои имаат добро здравје и сакаат да служат секаде каде што има поголема потреба од објавители (Мар. 10:29, 30). Мора најмалку две години да се општи пионери и најмалку две години континуирано да се старешини или слуги-помошници.

Како да се запишеш: На покраинскиот собир се одржува состанок на кој заинтересираните можат да добијат повеќе информации.

„Со сето срце се внесов во оваа школа. Благодарение на тоа, Јеховиниот дух ми помогна да направам длабоки промени кај себеси“, вели Рик, кој присуствувал на 23. клас во САД. „Кога ни дава задача, Бог ни помага да ја извршиме. Сфатив дека, ако се концентрирам на Неговата волја а не на себе, Јехова ќе ме зајакне.“

„Школата ми помогна да сфатам дека Јеховината организација е вистинско чудо!“, вели Андреас, кој служи во Германија. „Обуката ме подготви за задачата што ме очекуваше. Освен тоа, многу примери од Библијата ми ја врежаа оваа важна вистина: Ќе бидам вистински среќен само ако им служам на браќата и на Јехова“.

Библиска школа за брачни парови

Цел: Да им даде посебна обука на брачните парови за да можат Јехова и неговата организација да ги користат во поголема мера. Повеќето од оние што ќе ја завршат оваа школа ќе добијат задача да служат во својата земја, во места каде што има поголема потреба од објавители. Некои може да добијат задача да служат во друга земја, доколку се стават на располагање за тоа. Би можеле да служат и како привремени специјални пионери кои ќе го започнат делото на оддалечени и изолирани подрачја, или ќе помогнат уште повеќе да се проповеда на такви места.

Колку трае: Два месеца.

Каде се одржува: Оваа школа се одржува во САД, а од септември 2012 год. ќе се одржува и во некои други земји во светот, обично во некоја Сала на Царството или во Конгресна сала.

Кој може да учествува: Брачни парови на возраст од 25 до 50 години кои имаат добро здравје, кои можат да служат онаму каде што има поголема потреба од објавители и кои го имаат ставот на Исаија, кој рекол: „Еве ме мене, испрати ме мене!“ (Иса. 6:8). Мора да се во брак најмалку две години и да се во полновремена служба најмалку две години континуирано. Освен тоа, мажот мора да е старешина или слуга-помошник најмалку две години континуирано.

Како да се запишеш: На обласниот конгрес се одржува состанок на кој заинтересираните можат да добијат повеќе информации. Ако на вашиот конгрес нема ваков состанок, може да пишеш до подружницата во твојата земја за дополнителни информации.

„Осумте седмици на оваа школа навистина можат да ви го сменат животот, и претставуваат одлична можност за сите брачни двојки што сакаат уште повеќе да му служат на Јехова! Решени сме да водиме урамнотежен живот и мудро да го користиме своето време“ (Ерик и Корина од 1. клас, 2011 год., долу)

Мисионерска школа Гилеад

Цел: Да ги обучи учесниците да служат како мисионери на подрачјето во густо населени места, како патувачки надгледници или како бетелски слуги. Целта е подобро да се организира службата на проповедање и работата на подружниците.

Колку трае: Пет месеци.

Каде се одржува: Во образовниот центар Патерсон (Њујорк, САД).

Кој може да учествува: Брачни парови кои веќе служат во некој облик на специјална служба, односно, кои служат како мисионери на подрачјето а сѐ уште не биле на школата, како специјални пионери, како патувачки надгледници или бетелски слуги. Мора да се во таква служба најмалку три години континуирано. Мора добро да зборуваат, да читаат и да пишуваат англиски.

Како да се запишеш: Подружницата може да покани некои брачни парови да пополнат молба за оваа школа.

Леид и Моника од САД сега служат во Африка. „Школата Гилеад нѐ подготви да одиме на кое и да било место во светот, да ги засукаме ракавите и да служиме со нашите драги браќа“, вели Леид.

Моника додава: „Се трудам да го применам она што го научив од Божјата Реч, и службата ми носи голема радост. Таа радост ми е уште еден доказ за Јеховината љубов“.

Школа за членови на одборите на подружниците и нивните сопруги

Цел: Да им помогне на оние што служат во одборите на подружниците подобро да ги надгледуваат бетелските домови, да се грижат за работите кои ги засегаат собранијата и да ги надгледуваат покраините и областите на своето подрачје. Освен тоа, тие учат и за преведувањето, печатењето и доставувањето на литературата.

Колку трае: Два месеца.

Каде се одржува: Во образовниот центар Патерсон (Њујорк, САД).

Кој може да учествува: Членови на одбор на подружница или на одбор на земја или, пак, браќа што ќе бидат доделени да служат во тоа својство.

Како да се запишеш: Браќата од ваквите одбори и нивните сопруги добиваат покана од Водечкото тело.

Лоел и Кара, кои присуствуваа на 25. клас, служат во Нигерија. „Добивме потсетување дека, за да му угодиме на Јехова, мора да ги правиме работите како што сака тој без оглед колку сме зафатени или каква задача вршиме“, вели Лоел. „Освен тоа, на школата беше нагласено колку е важно да покажуваме љубов кон браќата како што покажува Јехова.“

„Една мисла ми остави особено силен впечаток“, додава Кара. „Ако не можам да објаснам нешто на едноставен начин, тогаш прво треба сама да ја проучам таа тема, а потоа да ги поучувам другите за неа.“

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели