Фуснота
d Вооз ѝ дал на Рут шест мери со неодредена тежина, можеби за да укаже дека, исто како што по шесте работни дена следи ден за одмор, така и деновите на макотрпна работа за Рут како вдовица наскоро ќе завршат со „одмор“, затоа што ќе има сигурен дом и маж кој ќе се грижи за неа. Од друга страна, шесте мери — најверојатно преполни лопати — можеби биле сета тежина што Рут можела да ја понесе со себе.