Фуснота
b Во древниот Египет се правеле над 90 различни видови лебови и погачи. Според тоа, главниот пекар на фараонот бил важен човек. А главниот пехарник бил одговорен над група слуги кои се грижеле виното или пивото што го пиел фараонот да бидат со врвен квалитет и кои внимавале некој да не се обиде да го отруе владетелот, бидејќи во тоа време во царскиот двор многу често се случувало некој да биде отруен. Неретко, пехарникот му бил и доверлив советник на царот.