Фуснота
b Сара му била полусестра на Авраам. И на двајцата им бил татко Тара, но имале различна мајка (1. Мојсеева 20:12). Денес е неприфатливо да се склопи таков брак, но треба да имаме на ум како стоеле работите тогаш. Во тоа време, луѓето биле многу поблиску до совршенството што го имале Адам и Ева пред да му згрешат на Бог. Бидејќи биле прилично здрави, бракот меѓу блиски роднини очигледно не претставувал опасност по здравјето на децата. Но, околу 400 години подоцна, луѓето веќе биле далеку од совршенството. Тогаш Јехова го дал Мојсеевиот закон, кој забранувал интимни односи меѓу блиски роднини (3. Мојсеева 18:6).