Фуснота
a Бидејќи сме несовршени, може да направиме или да кажеме нешто со кое ќе ги повредиме нашите браќа и сестри. Како реагираме кога ќе се случи такво нешто? Дали даваме сѐ од себе за да ги поправиме односите со другите? Дали брзо се извинуваме? Или, дали си мислиме дека, ако некој се чувствува повредено, тоа не е наш проблем? А што ако ние лесно се навредуваме од зборовите или постапките на другите? Дали си бараме оправдување така што си велиме: „Што да правам, јас сум си таков?“ Или, дали сфаќаме дека тоа е една слабост којашто треба да се трудиме да ја надминеме?