Фуснота
a Дали некогаш си слушнал како некој долгогодишен слуга на Јехова вели: „Никогаш не очекував дека ќе дочекам старост во овој свет“? Сите ние едвај чекаме Јехова да му стави крај на овој злобен свет, особено затоа што живееме во вакви тешки времиња. Но, мора да научиме да бидеме стрпливи. Во оваа статија ќе разгледаме некои библиски начела што ќе ни помогнат стрпливо да чекаме. Исто така, ќе разгледаме две подрачја на кои мора стрпливо да чекаме на Јехова. На крајот ќе ги разгледаме благословите што Јехова им ги ветил на оние што се спремни да чекаат.