ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • Денес

Сабота, 30 август

Да ги тешиме оние што се во каква и да било неволја, со истата утеха со која Бог нѐ теши нас самите (2. Кор. 1:4)

Јехова ги зајакнува и ги теши оние што се во мака. Како можеме по примерот на Јехова да имаме сочувство и да ги тешиме другите? Еден начин е така што ќе развиваме особини кои ќе ни помогнат да имаме сочувство и да ги тешиме другите. Кои се некои од тие особини? Што ќе ни помогне и понатаму да ја имаме љубовта што ни е потребна за да продолжиме од ден на ден да се тешиме еден со друг? (1. Сол. 4:18). Треба да развиваме особини како што се сомилост, братска љубов и љубезност (Кол. 3:12; 1. Пет. 3:8). Како ќе ни помогнат овие особини? Кога тие ќе станат дел од нашата личност, ќе имаме силна желба да ги тешиме оние што се во неволја. Ова е во склад со она што го кажал Исус: „Устата го зборува она со кое е полно срцето. Добриот човек од својата добра ризница изнесува добро“ (Мат. 12:34, 35). Еден важен начин на кој покажуваме љубов кон браќата и сестрите е така што ги тешиме (w23.11 10, пас. 10-11).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Недела, 31 август

Ќе разберат оние што се разборити (Дан. 12:10)

Ако сакаме да ги разбереме библиските пророштва, треба да побараме помош. Размисли за следнава споредба. Замисли дека си отишол да посетиш едно непознато место, но пријателот кој патува со тебе добро го познава тој крај. Тој точно знае каде се наоѓате и каде води секоја улица. Сигурно се радуваш што твојот пријател прифатил да дојде со тебе. Слично на тоа, Јехова точно знае каде се наоѓаме во струјата на времето и што уште нѐ очекува во иднина. Затоа, за да ги разбереме библиските пророштва, ние мора понизно да бараме помош од Јехова (Дан. 2:28; 2. Пет. 1:19, 20). Како и секој добар родител, Јехова сака неговите деца да имаат среќна иднина (Ерем. 29:11). Но, за разлика од човечките родители, Јехова може точно да прорече што ќе се случи во иднина. Тој се погрижил во неговата Реч да бидат запишани пророштва за да може однапред да знаеме кои важни настани ќе се случат (Иса. 46:10; w23.08 8, пас. 3-4).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025

Понеделник, 1 септември

Ќе ни дојде разденување од висините (Лука 1:78)

Бог му дал на Исус моќ да ги отстрани сите проблеми на човештвото. Со чудата што ги направил, Исус докажал дека може да ги реши сите проблеми кои ние самите никогаш не би можеле да ги решиме. На пример, тој има моќ да го отстрани коренот на проблемите што го измачуваат човештвото — наследениот грев и неговите последици, вклучувајќи ги болестите и смртта (Мат. 9:1-6; Рим. 5:12, 18, 19). Чудата што ги правел Исус докажале дека тој може да излекува „секаква болест“, па дури и да ги воскресне мртвите (Мат. 4:23; Јован 11:43, 44). Исто така, тој има моќ да смири силни бури и да ги ослободи луѓето од штетното влијание на демоните (Мар. 4:37-39; Лука 8:2). Колку е утешно тоа што знаеме дека Јехова му дал толку голема моќ на својот Син! Може да бидеме потполно уверени дека ќе се исполнат ветувањата за благословите што Божјето Царство ќе ги донесе во иднина. Чудата што ги правел Исус додека бил на Земјата покажуваат што ќе прави во многу поголема мера како небесен Цар на Божјето Царство (w23.04 3, пас. 5-7).

Секојдневно истражување на Писмото — 2025
Добредојде.
Онлајн библиотека за пребарување во изданијата на Јеховините сведоци на различни јазици.
Ако сакаш да преземеш некоја публикација, оди на jw.org.
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели