ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g17 Бр. 5 стр. 14-15
  • Во посета на Казахстан

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во посета на Казахстан
  • Разбудете се! 2017
Разбудете се! 2017
g17 Бр. 5 стр. 14-15
Астана (Казахстан)

Градот Астана

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Казахстан

Карта од Казахстан

КАЗАСИТЕ во минатото биле номадски народ. Но, и денес некои сточари ги водат своите стада на различни пасишта во зависност од сезоната. Тие го минуваат летото на планинските ливади, а во зима ги спуштаат стадата во низините на потопло.

Некои Казаси живеат во современи, развиени градови. Сепак, многу нивни обичаи, јадења и ракотворби го одразуваат номадскиот живот на нивните предци. Поезијата, песните и музиката што се свири на локални инструменти се дел од богатото културно наследство на овој народ.

Јуртите — традиционално место за живеење кое може лесно да се пренесе од едно место на друго — се симбол за живеење на човекот во хармонија со природата. Сточарите сѐ уште живеат во јурти, а жителите на современите градови честопати ги користат јуртите за посебни прилики. Исто така, јуртите служат како атрактивно преноќиште за туристи. Внатрешниот дел е вистинско ремек-дело, изобилувајќи со најразлични везови, ткаенини и килими, кои се дело на вредните раце на домаќинките.

Едно семејство во јурта

Внатре во јурта

Казашките семејства кои живеат во рурални подрачја многу ги ценат коњите. На казашки има најмалку 21 збор за коњ, секој со различно значење, како и над 30 зборови и изрази за да се опише бојата на коњот. Еден добар коњ сѐ уште е скап и ценет подарок. Децата во селата учат да јаваат уште од мали.

Месото е неизбежен дел од традиционалните казашки јадења, кои обично не се многу зачинети. Меѓу омилените пијалаци се кумис, кој се прави од млеко од кобила и се смета за многу здрав, како и хранливиот и киселкаст шубат, кој се прави од млеко од камила.

Подружницата на Јеховините сведоци во Казахстан се наоѓа во Алмати и е отворена за посетители.

Снежен леопард

Импресивниот снежен леопард кој живее во Казахстан го минува летниот период високо на планините

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

Во Казахстан растат најмалку 36 видови диви лалиња, а обликот на ова цвеќе е чест мотив во казашката уметност.

Водата во Балхашкото Езеро е солена на неговата источна страна, а речиси слатководна на западната страна.

Ловот со орли и со други грабливи птици е популарен до ден-денес. Казасите се експерти за дресирање златни орли, нивните омилени птици.

Орел, со специјална наметка на главата, стои на раката на еден човек

Специјалната наметка која се става на главата на орелот му ги покрива очите и така му го намалува стравот од луѓе

  • ГЛАВНИ ЈАЗИЦИ: КАЗАШКИ И РУСКИ

  • НАСЕЛЕНИЕ: 17.563.000

  • ГЛАВЕН ГРАД: АСТАНА

  • КЛИМА: ТОПЛИ И СУВИ ЛЕТА, СТУДЕНИ И СНЕЖНИ ЗИМИ

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели