ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Разбирливо за другите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
    • СТУДИЈА 41

      Разбирливо за другите

      Што треба да правиш?

      Изјасни се на таков начин што другите ќе можат лесно да го сфатат значењето на она што го кажуваш.

      ЗОШТО Е ВАЖНО?

      Колку материјалот е полесен за разбирање толку поцелосна корист ќе извлечат присутните од него.

      КОГА зборуваш, прави повеќе отколку само да презентираш информации. Настојувај она што го зборуваш да им го направиш разбирливо на оние што те слушаат. Ова може да ти помогне делотворно да комуницираш, сеедно дали зборуваш пред собранието или пред не-Сведоци.

      Постојат многу фасети на разбирливото говорење. Некои од нив се обработени во Студија 26, „Логичен развој на материјалот“. Други се разгледани во Студија 30, „Да се покаже интерес за другиот“. Во оваа студија ќе дискутираме уште за неколку точки.

      Едноставни зборови, едноставен стил. Едноставните зборови и кратките реченици се силни алатки за комуникација. Исусовата Проповед на гората е сјаен пример за говор што луѓето можат да го разберат сеедно кои се или каде живеат. Концептите можеби им се нови. Но сепак, можат да разберат што рекол Исус бидејќи се занимавал со работи што се од интерес за сите нас: како да бидеме среќни, како да ги подобриме односите со другите, како да излеземе на крај со тегобната грижа и како да најдеме смисла во животот. И своите мисли ги изразил на секојдневен јазик (Мат., погл. 5-7). Се разбира, Библијата дава многу примери со различна должина и структура на речениците. Твојата главна цел треба да биде да ги изразиш мислите на јасен, разбирлив начин.

      Дури и кога обработуваш некој длабок материјал, едноставниот стил може да биде од помош полесно да се разбере. Како може да се постигне едноставноста? Немој да ја преплавуваш публиката со непотребни детали. Организирај го материјалот на таков начин што ќе можеш да ги заокружиш главните точки. Внимателно избери ги клучните стихови. Наместо да брзаш од еден стих до друг, прочитај ги и дискутирај за нив. Немој со премногу зборови да засенуваш некоја добра мисла.

      Кога водиш домашна библиска студија, применувај ги истите начела. Не обидувај се да ги објаснуваш сите детали. Помогни му на студентот јасно да ги разбере главните идеи. Подоцна, во својата лична студија и на собраниските состаноци тој може да ги пополни деталите.

      За да се презентира материјалот на едноставен начин, потребна е добра подготовка. За да им ја направиш твојата тема разбирлива на другите, мораш и самиот јасно да ја разбираш. Кога навистина разбираш нешто, во состојба си да наведеш причини зошто тоа е така. Исто така, можеш и да го изразиш со сопствени зборови.

      Објасни ги непознатите термини. Понекогаш, за да се направи нешто разбирливо, потребно е да го објасниш значењето на термините што ѝ се непознати на твојата публика. Немој да го преценуваш знаењето на слушателите, но немој ни да ја потценуваш нивната интелигенција. Како резултат на твоето проучување на Библијата, можеби користиш некои термини што им звучат чудно на другите луѓе. Без никакво објаснување, луѓето што не се поврзани со Јеховините сведоци нема да разберат дека изразите „остаток“, ,верен и разборит роб‘, „други овци“ и „големо мноштво“ идентификуваат конкретни групи луѓе (Рим. 11:5; Мат. 24:45; Јован 10:16; Откр. 7:9). На сличен начин, ако не е запознат со организацијата на Јеховините сведоци, некој веројатно нема да разбере што се мисли со термините како, на пример, „објавител“, „пионер“, „покраински надгледник“ и „Меморијал“.

      Можеби треба да се објаснат и некои библиски изрази што слободно ги користат дури и не-Сведоците. За многу луѓе „Армагедон“ значи нуклеарен холокауст. Можеби „Божје Царство“ го поврзуваат со состојбата во самиот човек или со небото, но не и со некаква влада. Спомнувањето на „душата“ може да побуди мисли за таканаречен духовен дел кај луѓето што ја преживува смртта на телото. Според она за кое се поучени милиони луѓе, „свет дух“ е личност, дел од некое тројство. Поради тоа што многу луѓе го напуштиле библискиот морален кодекс, можеби дури им е потребна помош да разберат што се мисли во Библијата кога се вели: „Бегајте од блуд“ (1. Кор. 6:18).

      Ако не се редовни читатели на Библијата, луѓето можеби нема да сфатат ако едноставно кажеш: „Павле напишал . . .“ или „Лука рекол . . .“ Можеби тие имаат пријатели или соседи што се викаат така. Можеби ќе треба да дадеш некој појаснителен израз за да го идентификуваш лицето како христијански апостол или библиски писател.

  • Користење на доделениот материјал
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
    • КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

      • Користи само материјал што директно се однесува на темата што ти е доделена.

      • Ако твојата задача вклучува користење некој печатен материјал како темел за говорот, избери ги главните точки и клучните стихови од тој материјал, а не од други извори.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели