ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Програма за развивање на способноста на говорник и учител
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
    • Програма за развивање на способноста на говорник и учител

      СЕЕДНО дали си млад или на поодмината возраст, машко или женско, овој курс може да ти помогне поделотворно да се изразуваш и да станеш поквалификуван како учител на Божјата реч.

      Задачите за оние што се запишани во Теократската школа за служба ќе ги доделува надгледникот на школата. На следните три страници ќе го најдеш твојот личен формулар за совет. Броевите пред различните точки одговараат на студиите на страниците што следат. Во тие студии ќе најдеш објаснување за тоа што сѐ е вклучено во совладувањето на овие аспекти на говорење и поучување и зошто секој од нив е важен. Исто така, ќе најдеш корисно упатство како да го постигнеш она што се препорачува.

      Ознаката во боја во формуларот за совет покажува кои точки важат за задачите што вклучуваат: 1) читање пред публика, 2) приказ со двајца или повеќе луѓе, или 3) говор во собранието. Надгледникот на школата ќе означи на која точка треба да работиш. Се претпочита точките да ги обработуваш една по една. Ќе извлечеш корист ако ги направиш вежбите што се препорачуваат на крајот од доделената студија. Ако се види дека успешно си го применил советот во назначената студија, твојот советник ќе ти додели друга точка.

      Ако треба задачата да ја обработиш во вид на приказ, ќе ти биде потребна рамка. Список со рамки се наоѓа на 82. страница, но не си ограничен само на тој список. Можеби твојот советник ќе ти препорача да пробаш некоја рамка за да стекнеш искуство, или можеби тебе ќе ти го препушти изборот.

      Читањето на оваа книга и правењето на вежбите, дури и кога не се подготвуваш за задачи во школата, можат во голема мера да го зголемат твојот напредок. Можеби ќе можеш да обработуваш отприлика по една студија секоја седмица.

      Без оглед на тоа колку време учествуваш во школата или во службата на теренот, постои место за подобрување. Извлечи целосна корист од образованието што се дава преку Теократската школа за служба.

  • Твојот формулар за совет
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
    • Слика на страница 79
      Слика на страница 80
      Слика на страница 81

      Твојот формулар за совет

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели