ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp18 Бр. 1 стр. 4-7
  • Библијата крие безвременска мудрост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата крие безвременска мудрост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗДРАВИ ВРЕДНОСТИ
  • КАКО МОЖЕ ДА ТИ КОРИСТИ БИБЛИЈАТА
  • 3. Како да се носиш со проблемите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Исправни мерила што даваат стабилност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Што е исправно, а што погрешно: Библијата — најсигурниот водич
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2024
  • Повисок извор на мудрост
    Библијата — Реч Божја или човечка?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
wp18 Бр. 1 стр. 4-7
Луѓе од различни раси

Библијата крие безвременска мудрост

ЗАМИСЛИ ГО СЛЕДНОВО: Се наоѓаш во музеј полн со стари споменици. Повеќето од нив се демолирани, оштетени од временските услови или им недостасуваат делови. Но, еден споменик е многу добро сочуван. Иако е изработен со прецизни детали, сите јасно се гледаат. „Овој ви е понов?“, го прашуваш водичот. „Не“, вели тој. „Постар е од повеќето, и никогаш не бил реставриран.“ Му велиш: „Веројатно не бил изложен на временски влијанија“. „Напротив“, ти вели тој. „Овој споменик преживеал силни ветришта и поројни дождови. Освен тоа, многу вандали пробале да го оштетат“. Зачудено се прашуваш: „Од што ли е направен?“

Во извесна смисла, Библијата е како тој уникатен споменик. Таа е многу стара книга, постара од повеќето. Се разбира, има и други стари книги. Но, слично на старите и оштетени споменици, повеќето стари ракописи со текот на времето прилично се оштетиле. Освен тоа, новите откритија и факти покажуваат дека она што го пишува во нив на полето на науката е неточно. А нивните медицински совети се повеќе опасни отколку корисни. Исто така, многу од древните ракописи се само остатоци од она што некогаш биле — некои нивни делови биле изгубени или значително оштетени.

Но, Библијата е сосема поинаква. Таа е целосно сочувана иако почнала да се пишува пред повеќе од 35 векови. Исто така, иако низ вековите се соочила со безброј обиди да биде изгорена, забранета и обезвреднета, ги преживеала сите напади. Најновите сознанија не докажале дека Библијата е застарена. Напротив, таа содржи сознанија до кои луѓето дошле со векови подоцна. (Види ја рамката „Застарена или пред своето време?“)

ЗДРАВИ ВРЕДНОСТИ

Можеби се прашуваш дали Библијата навистина е практична книга. За да дојдеш до одговор на ова прашање, размисли: Кои се најголемите проблеми на денешницата? Кои од нив најмногу те плашат? Можеби помисли на војните, криминалот, корупцијата или загадувањето. А сега, да разгледаме неколку библиски принципи. Додека читаш, прашај се: „Дали светот ќе беше подобар ако луѓето живееја според овие вредности?“

МИРОЉУБИВОСТ

„Среќни се миротворците, зашто ќе бидат наречени Божји синови“ (Матеј 5:9). „Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Римјаните 12:18).

МИЛОСТ И ПРОСТУВАЊЕ

„Среќни се милосрдните, зашто ќе им биде покажано милосрдие“ (Матеј 5:7). „Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг, ако некој има жалба против некого. Како што Јеховаa спремно ви прости вам, така правете и вие“ (Колошаните 3:13).

РАСНА ЕДНАКВОСТ

„Од еден човек [Бог] го направи целиот човечки род за да живее по целото лице на земјата“ (Дела 17:26). „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35).

ГРИЖА ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА

„Јехова Бог го зеде човекот и го смести во градината Еден за да ја обработува и да се грижи за неа“ (1. Мојсеева 2:15). Бог ќе ги уништи „оние што ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18).

ОДБИВНОСТ КОН ЛАКОМОСТ И НЕМОРАЛ

„Чувајте се од секаква лакомост, бидејќи, дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15). „Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на свети луѓе“ (Ефешаните 5:3).

ЧЕСНОСТ И ТРУДОЉУБИВОСТ

„Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18). „Кој крадел, повеќе да не краде, туку да работи марливо“ (Ефешаните 4:28).

СПРЕМНОСТ ДА СЕ ПОМОГНЕ

„Тешете ги потиштените души, помагајте им на слабите, бидете долготрпеливи со сите“ (1. Солуњаните 5:14). „Да се грижиш за сираците и за вдовиците во нивната неволја“ (Јаков 1:27).

Овие вредности не се само наведени во Библијата. Од неа на практичен начин учиме да ги цениме и да ги применуваме во нашиот живот. Зарем немаше да има помалку проблеми во светот ако луѓето живееја според библиските вредности? Слободно може да кажеме дека тие вредности никогаш не биле толку корисни и навремени како што се денес! Но, како може тебе лично да ти користи Библијата?

КАКО МОЖЕ ДА ТИ КОРИСТИ БИБЛИЈАТА

Најмудриот човек на сите времиња рекол: „Мудроста ја оправдуваат нејзините дела“ (Матеј 11:19). Зар тоа не е вистина? Дали нешто е мудро или не, се гледа кога ќе го примениш во пракса. Според тоа, на место е да се прашаш: „Ако Библијата навистина е практична книга, зарем не би требало да даде добри резултати во мојот живот? Може ли да ми помогне да се справам со проблемите?“ Да разгледаме еден пример.

Делфинаb имала убав и исполнет живот. Но, неочекувано ја снашле неколку трагедии по ред. Нејзината ќерка, која била на тинејџерска возраст, починала, бракот ѝ се распаднал и западнала во финансиски проблеми. Таа вели: „Повеќе не знаев која сум — останав без ќерка, без сопруг, без дом. Се чувствував како да сум никој и ништо — без идентитет, без сила, без смисла во животот“.

Како никогаш порано, Делфина сфатила колку се вистинити следниве зборови: „Деновите наши траат седумдесет години, а кај силните — осумдесет, но исполнети се само со неволји и тешкотии, зашто брзо поминуваат, и ние одлетуваме“ (Псалм 90:10).

Во тие тешки моменти Делфина побарала помош во Библијата. И навистина добила голема помош! Како што ќе видиме од следните три статии, советите од Библијата им помогнале на многу луѓе да ги надминат своите проблеми. Тие увиделе дека Библијата е како споменикот што го спомнавме на почетокот. Таа не е како останатите книги кои со текот на времето застаруваат. Што ја прави Библијата толку поинаква? Можно ли е мислите во неа да се Божји, а не човечки? (1. Солуњаните 2:13).

Веројатно ќе се согласиш дека животот е краток и полн со маки. Кога си преплавен од проблеми, каде бараш утеха, поддршка и совет?

Да разгледаме три важни начини на кои Библијата може да ти помогне во животот. Од неа можеш да научиш како:

  1. да ги избегнеш проблемите кога е можно;

  2. да ги решиш кога ќе се појават;

  3. да се носиш со околностите што не можеш да ги промениш.

Овие три работи се разгледани во следните статии.

a Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата (Псалм 83:18).

b Во оваа и во следните три статии некои имиња се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели