ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/11 стр. 29-30
  • Што значи за нас понизноста на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи за нас понизноста на Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/11 стр. 29-30

Што значи за нас понизноста на Јехова

ДАВИД бил човек што видел многу маки. Трпел малтретирање од страна на цар Саул, неговиот завидлив тест. Саул трипати се обидел да го убие Давид со копје и со години непрестајно го гонел, принудувајќи го да стане бегалец (1. Самоил 18:11; 19:10; 26:20). Сепак, Јехова бил со Давид. Јехова не го спасил само од Саул туку и од други непријатели. Затоа, можеме да ги сфатиме чувствата што Давид ги изразил во песна: „Господи, стено моја, тврдино моја, спасител мој . . . [Ти, Јехова] ми го даваш Својот штит кој што спасува, Твојата грижливост [понизност, NW] ме возвиси“ (2. Самоил 22:2, 36). Давид се возвисил, или постигнал висока положба, до извесна мера во Израел. Но, како била вклучена понизноста на Јехова?

Кога Библијата зборува дека Јехова е понизен, тоа не значи дека тој е ограничен на некој начин или дека е подложен на други. Наместо тоа, оваа убава особина покажува дека тој има длабоко сочувство за луѓето што искрено се трудат да бидат прифатени од него и дека им укажува милост. Во Псалм 113:6, 7 читаме: „[Јехова] ги гледа одозгора [се наведнува да ги погледне, NW], небото и земјата. Го воздига бедниот од правот“. Тоа што „се наведнува“ значи дека „се понизува за да види“ (Young’s Literal Translation of the Holy Bible). Значи, Јехова ‚се понизил‘ за да му обрне внимание на Давид, несовршен но понизен човек што сакал да му служи на Бог. Затоа, Давид нѐ уверува: „Господ е возвишен, но гледа на смирените [понизните, NW]“ (Псалм 138:6). Милосрдниот, стрплив и сочувствителен начин на којшто Јехова постапил со Давид треба да ги охрабри сите што се трудат да ја вршат Божјата волја.

Иако Јехова како Суверен ја има највозвишената положба во универзумот, спремен е да му обрне внимание на секого од нас. Ова нѐ уверува дека можеме да сметаме на неговата сигурна помош дури и во најтешките ситуации. Нема причина да се плашиме дека ќе нѐ заборави. Кога станува збор за неговиот народ од древниот Израел, за Јехова со право било кажано дека ‚си спомнал за него, во неговото понижување: Вечна е Неговата милост!‘ (Псалм 136:23).

Како современи слуги на Јехова, и ние мораме да трпиме маки како Давид. Можеби се соочуваме со исмејување од страна на оние што не го познаваат Бог, или можеби се бориме со лошо здравје или, пак, ни починал некој близок. Каква и да е нашата ситуација, ако срцето ни е искрено, можеме да му пристапиме на Јехова во молитва и да бараме милост од него. Јехова ќе се наведне за да ни обрне внимание и за да ги сослуша нашите молитви. Инспирираниот псалмист напишал: „Господовите очи ги гледаат праведните, Неговите уши го слушаат нивниот вик“ (Псалм 34:15). Зарем ова нѐ те поттикнува да размислиш за оваа привлечна особина на Јехова, понизноста?

[Слики на страница 30]

Како што ги чул молитвите на Давид, Јехова е спремен да ги чуе и нашите молитви денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели