-
До родителитеУчам од Библијата
-
-
До родителите
Кој е најубавиот подарок што можете да им го дадете на своите деца? Потребни им се многу работи, како што се вашата љубов, совети и заштита. Но, најскапоцениот подарок што можете да им го дадете е да ги поучите за Јехова и за вистините од неговата Реч, Библијата (Јован 17:3). Тоа може да им помогне да го засакаат Јехова и да му служат со цело срце уште од мали нозе (Матеј 21:16).
Многу родители увиделе дека малите деца најлесно учат преку кратки поуки и игри. Затоа сме радосни што ја имаме оваа сликовница Учам од Библијата. Од секоја песничка може на едноставен начин да се научи нешто. Сликите и текстот се наменети посебно за деца до три години. Дадени се и предлози како може да се учи низ игра. Оваа сликовница не треба да служи како играчка. Родителите треба да ја читаат заедно со своите деца. Така ќе се подобри и комуникацијата меѓу нив.
Уверени сме дека оваа сликовница ќе ви помогне да ги поучувате своите деца за библиската вистина уште „од рано детство“ (2. Тимотеј 3:14, 15).
Вашите браќа,
Водечко тело на Јеховините сведоци
[Слика на страница 3]
-
-
Лекција 1Учам од Библијата
-
-
Лекција 1
Кој ја создал Земјата?
Кој ги создал морињата
и сѐ што е во нив?
Кој нѐ создал мене,
тебе и секој што е жив?
Кој ја создал пеперутката
што лета од цвет на цвет?
Јехова создал сѐ на овој убав свет!
УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Прочитај му на детето:
Детето нека покаже каде се:
ѕвездите топката сонцето
бротчето рибата куќата
морето пеперутката
Прашај го детето:
Како се вика Бог?
Каде живее Јехова?
Што создал тој?
[Слика на страници 4 и 5]
-
-
Лекција 2Учам од Библијата
-
-
Лекција 2
Види колку животни!
Има кутре, крава и лав.
Кое прави мууу а кое ав-ав?
Секое животно што во арката на Ное се скрило
од Потопот спасено било.
УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Прочитај му на детето:
Детето нека покаже каде има:
мечка куче слон
жирафа лав мајмун
прасе овца птица
зебра виножито
Детето нека покаже како прави:
кучето кравата мајмунот
прасето овцата
[Слика на страници 6 и 7]
-
-
Лекција 3Учам од Библијата
-
-
Лекција 3
Иван кај Марко се јави за да праша што прави.
Кога дозна дека си скршил рака му напиша вака:
„Марко, ти посакувам да оздравиш скоро
за да си играме заедно во дворот!“
Поука: Ако си добар со другарчето,
и двајцата ќе бидете радосни!
УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Прочитај му на детето:
Детето нека покаже каде е:
куќата масата Иван
сонцето птицата дрвото
Спомни му на детето некој што е болен
и размислете што може да направите за него.
[Слика на страница 8]
[Слика на страница 8]
[Слика на страница 9]
[Слика на страница 9]
-
-
Лекција 4Учам од Библијата
-
-
Лекција 4
Мони чека и си мисли:
„До кога дома ќе седам?
Сакам надвор да си играм
а не дождот да го гледам.“
Тогаш сонцето блесна!
Мони низ вратата летна
и брзо се најде во градината цветна.
Колку многу цвеќенца со убави бои!
И едно вирче вода околу нив стои.
Мони рече: „О! Со дождот што паѓа
Бог прави земјата цвеќенца да раѓа!“
УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Прочитај му на детето:
Детето нека покаже каде се:
дрвото птицата Мони
прозорецот цвеќињата
Каде се кријат:
бубамарата авиончето
Прашај го детето:
Зошто Јехова го создал дождот?
[Слика на страница 10]
[Слика на страница 10]
[Слика на страница 11]
-
-
Лекција 5Учам од Библијата
-
-
Лекција 5
Кога добиваш подарок од кого и да било, насмевни се, ќе му биде многу мило!
И дома и надвор едно правило важи: кога за тебе нешто прават „благодарам“ кажи!
УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Прочитај му на детето:
Детето нека покаже каде е:
подарокот детето
вратата јадењето
Каде се кријат:
јаболкото телефонот
Прашај го детето:
Зошто треба да кажеш „благодарам“?
[Слика на страница 12]
[Слика на страница 13]
[Слика на страница 13]
[Слика на страница 13]
-
-
Лекција 6Учам од Библијата
-
-
Лекција 6
Допри си го носето, а потоа ушињата.
Мавни со рачињата и мрдни со прстињата.
Погледни ги ножињата. Тие трчаат, скокаат, одат
и каде ќе им кажеш таму ќе те водат!
А сега да те прашам: Кој те создал така?
Се знае, Јехова, кој многу те сака.
УЧИМЕ НИЗ ИГРА
Прочитај му на детето:
Детето нека покаже каде му се:
прстите носот рацете
ушите устата
Каде се кријат:
ракот мачката
Прашај го детето:
Кој те создал тебе? Кој ме создал мене?
[Слика на страница 14]
[Слика на страница 15]
[Слика на страница 15]
[Слика на страница 16]
-