ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/3 стр. 28-30
  • Кој бил Теофил од Антиохија?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој бил Теофил од Антиохија?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Лична историја
  • Поглед врз неговите записи
  • Вредно сведоштво
  • Лука — саканиот соработник
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Ќе ми бидете сведоци“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Прогонството поттикнува пораст во Антиохија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/3 стр. 28-30

Кој бил Теофил од Антиохија?

„ТИ МЕ нарекуваш христијанин, како да е тоа некое проклето име, но, што се однесува до мене, јас отворено изјавувам дека сум христијанин и го носам ова име сакан од Бога, надевајќи се дека ќе му бидам корисен на Бог.“

Така Теофил го воведува својот труд кој се состои од три дела, со наслов Теофил до Автолик. Тоа е почетокот на неговата одбрана против отпадништвото од вториот век. Теофил смело се идентификува себеси како следбеник на Христос. Тој изгледа решен така да ги води работите за да стане оној кој е „сакан од Бога“, во склад со значењето на неговото име на грчки. Но, кој бил Теофил? Кога живеел? И, што постигнал?

Лична историја

Малку се знае за Теофиловата лична историја. Бил одгледан од нехристијански родители. Подоцна се преобратил во христијанство, но дури откако грижливо го проучил Писмото. Тој станал епископ во собранието во Сириска Антиохија, денес позната како Антакија, во Турција.

Во склад со Исусовата заповед, христијаните од првиот век проповедале помеѓу населението на Антиохија. Лука го запишал нивниот успех, велејќи: „Раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обрнаа кон Господа“ (Дела 11:20, 21). Божествено предводени, Исусовите следбеници станале познати како христијани. Овој термин првпат бил употребен во Сириска Антиохија (Дела 11:26). Во првиот век од н. е., апостол Павле отпатувал за Сириска Антиохија, и таа станала негова појдовна точка. Варнава и Павле, придружувани од Јован Марко, своето прво мисионерско патување го започнале од Антиохија.

Раните христијани од Антиохија мора да биле многу охрабрени од апостолските посети на нивниот град. Несомнено, нивниот ентузијастички одѕив на вистината од Божјата Реч делумно се должел на посетите од претставниците на водечкото тело од првиот век, кои ја зајакнувале верата (Дела 11:22, 23). Колку мора да било охрабрувачки за нив кога виделе како толку многу жители на Антиохија ги предаваат своите животи на Јехова Бог! Меѓутоа, дури по повеќе од 100 години Теофил живеел во Антиохија.

Историчарот Еузебиј изјавил дека Теофил бил шестиот епископ на Антиохија, сметајќи од времето на Христовите апостоли. Теофил запишал приличен број усни дискусии и побивања на ерес. Тој е вклучен меѓу дванаесетмината или повеќе христијански апологети од негово време.

Поглед врз неговите записи

Одговарајќи на еден претходен дијалог, Теофил му пишува на паганинот Автолик со овие воведни зборови: „Еден течен говор и елегантен стил носи задоволство и таква пофалба на која ѝ се радува суетата — тоа е за бедници кои се расипани во умот“. Теофил објаснува, велејќи: „Љубителот на вистината не обраќа внимание на украсени говори, туку ја разгледува вистинската важност на говорот . . . Ти си ме нападнал со празни зборови, фалејќи се со твоите богови од дрво и камен, правени со чекан и излиени, изрезбани и изгравирани, кои ниту гледаат ниту слушаат, бидејќи тие се идоли и дела на човечки раце“. (Спореди Псалм 113:12-16.)

Теофил ја разоткрива заблудата на идолопоклонството. Со својот типичен стил на пишување, тој речито, иако напразно, се обидува да ја изрази вистинската природа на вистинитиот Бог. Тој објаснува: „Божјата појава е неискажлива, неопислива и не може да се види со телесните очи. Бидејќи во славата тој е непоимлив, во величината несфатлив, во возвишеноста незамислив, во моќта неспоредлив, во мудроста без соперник, во добротата единствен, во љубезноста неискажлив“.

Додавајќи кон овој опис на Бог, Теофил продолжува: „Но, тој е Господ, бидејќи Тој владее над универзумот; Татко, бидејќи тој е пред сите работи; Обликувач и Создател, бидејќи Тој е творец и создател на универзумот; Највишиот, бидејќи Тој се наоѓа над сите и Семоќен, бидејќи самиот Тој владее и опфаќа сѐ“.

Понатаму, сосредоточувајќи се на специфични творби на Бог, Теофил продолжува на начин карактеристичен за неговиот детален и на некој начин повторлив стил, велејќи: „Бидејќи небесата се Негово дело, Земјата е Негово творештво, морето е дело на Неговите раце; човекот е Негова творба и Негов лик; Сонцето, Месечината и ѕвездите се негови творештва, направени за знаци, и годишни времиња, и денови, и години за да можат да служат и да му бидат робови на човекот; и сите работи Бог ги направи од работи кои не постоеја во работи кои постојат, за да може преку Неговите дела да се дознае и да се сфати Неговата величина“.

Понатамошен пример на Теофиловиот напад врз лажните богови од негово време е видлив во следниве зборови упатени до Автолик: „Имињата на оние за кои велиш дека ги обожаваш се имиња на мртви луѓе. . . . А какви луѓе биле тие? Зарем не се открило дека Сатурн бил канибал, кој ги уништил и ги проголтал своите сопствени деца? А да го спомнеме и неговиот син Јупитер, . . . како го доела некоја коза . . . И неговите други дела — неговиот инцест, прељуба и похота“.

Проширувајќи го своето поле на делување, Теофил го зајакнува својот став против паганското идолопоклонство. Тој пишува: „Треба ли повторно да го набројувам мноштвото животни кои се обожава од страна на Египќаните, како влекачи, стока и диви ѕверови, птици и речни риби . . . Грците и останатите народи, тие обожаваат камења и дрво и други видови материјални супстанции“. „Но Бог, живиот и вистинит Бог, јас го обожавам“, изјавува Теофил. (Спореди 2. Царства 22:47; Дела 14:15; Римјаните 1:22, 23.)

Вредно сведоштво

Опомените и прекорувањата во Теофиловиот троделен труд кои го побиваат Автолик, се со повеќе фасети и детали. Други ракописи на Теофил биле насочени против Хермоген и Марсион. Тој исто така составил и прирачници и книги за просветлување, додавајќи толкувања на евангелијата. Меѓутоа, само трите книги до Автолик — единствен манускрипт — биле сочувани.

Првата книга е една апологија напишана до Автолик во одбрана на христијанската религија. Втората книга до Автолик се крева против општоприфатената паганска религија, шпекулации, филозофи и поети. Во Теофиловата трета книга направена е споредба помеѓу паганската литература и Писмото.

На почетокот на Теофиловата трета книга, Автолик очигледно сѐ уште имал мислење дека Речта на вистината била една бескорисна бајка. Теофил го обвинува Автолик, тврдејќи: „Ти со задоволство ги поднесуваш глупаците. Инаку не би бил поттикнат од безумници да се препушташ на празни зборови и да им веруваш на широко распространетите гласини“.

Што биле тие „широко распространети гласини“? Теофил го открива изворот. Клеветници „со безбожни усти лажно нѐ обвинуваат [нас] кои сме обожаватели на Бог и се нарекуваме христијани, неосновано тврдејќи дека нашите жени ги чуваме заедно и дека постапуваме промискуитетно со нив; и дека правиме дури и инцест со нашите сопствени сестри а, што е најбезбожно и најварварски од сѐ, дека јадеме човечко месо“. Теофил работел на тоа да го побие ова очигледно неточно паганско гледиште за оние кои во вториот век тврделе дека се христијани. Тој го употребил светлото на вистината кое се наоѓа во Божјата инспирирана Реч (Мат. 5:11, 12).

Сведоштво за тоа дека Теофил добро ја познавал Божјата Реч е неговата честа употреба и повикување како на Хебрејските така и на Грчките библиски цитати. Тој бил еден од првите толкувачи на Евангелијата. Теофиловите бројни повикувања на Писмото даваат изобилен увид во размислувањето кое преовладувало во негово време. Тој го употребил своето познавање на инспирираните ракописи за да ја покаже нивната огромна супериорност над паганската филозофија.

Начинот на кој е аранжиран Теофиловиот материјал, неговиот дидактички тон и стил на повторување може да не им се привлечни на некои луѓе. До кој обем прореченото отпадништво можеби влијаело врз исправноста на неговите погледи, не можеме моментално да кажеме (2. Сол. 2:3-12). Меѓутоа, до својата смрт, околу 182 н. е., Теофил очигледно станал неуморен апологет, чии ракописи се од интерес за вистинските христијани од нашево модерно време.

[Слика на страница 30]

Теофил смело ги побивал аргументите на Автолик

[Извор на слика на страница 28]

Илустрациите на страница 28 и 30 се репродуцирани од Illustrierte Pracht - Bibel/Heilige Schrift des Alten und Neuen Testaments, nach der deutschen Übersetzung D. Martin Luther’s

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели