ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Каква положба ќе имаш пред судската столица?
    Стражарска кула 1995 | 15 Октомври
    • ‚нѐ избавил од власта на темнината и нѐ вовел во царството на Својот возљубен Син‘ (Колосјаните 1:13; 3:1).

      15, 16. а) Зошто велиме дека Исус не станал Цар на Божјето Царство во 33 година н. е.? б) Кога започнал Исус да владее во Божјето Царство?

      15 Меѓутоа, во тоа време Исус не дејствувал како Цар и Судија над народите. Тој бил седнат покрај Бог, очекувајќи го времето да дејствува како Цар на Божјето Царство. Павле напишал за него: „А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: ‚Седи од Мојата десна страна, дури непријателите Твои не ги ставам во подножјето на нозете Твои?“ (Евреите 1:13).

      16 Јеховините сведоци објавиле многу докази дека Исусовиот период на чекање истекол во 1914 година, кога станал владетел на Божјето Царство на невидливите небеса. Откровение 11:15, 18 вели: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Он ќе царува во сите векови!“ „И се разгневија народите, и дојде Твојот гнев“. Да, народите изразиле гнев едни спрема други во текот на I светска војна (Лука 21:24). Војните, земјотресите, болестите, оскудицата на храна и слично, кои сме ги виделе од 1914 година наваму, потврдуваат дека Исус сега владее во Божјето Царство и дека е близу конечниот крај на светот (Матеј 24:3-14).

      17. Кои клучни моменти ги утврдивме досега?

      17 Да повториме накратко: За Бог може да се рече дека седи на престол како Цар, но тој може да седне на својот престол и во смисла за да суди. Во 33 година н. е., Исус седнал од Божјата десна страна, а сега тој е Цар на Царството. Но, дали Исус, кој сега владее како Цар, служи и како Судија? И зошто би требало тоа да нѐ интересира, особено во ова време?

      18. Каков доказ постои дека и Исус ќе биде Судија?

      18 Јехова, кој има право да поставува судии, го избрал Исуса за Судија кој ги задоволува Неговите мерила. Исус го покажал тоа кога зборувал за луѓето кои духовно оживуваат: „Отецот не суди никого, но целиот суд Му го предаде на Синот“ (Јован 5:22). Сепак, Исусовата судска улога оди уште подалеку од обичното судење, бидејќи тој е судија на живите и на мртвите (Дела 10:42; 2. Тимотеј 4:1). Павле еднаш изјавил: „[Бог] определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек [Исус], откако ги увери сите со Неговото воскресение“ (Дела 17:31; Псалм 71:2-7).

      19. Зошто е исправно да се каже дека Исус седнува како Судија?

      19 Дали на темел на ова имаме право да заклучиме дека Исус седнува на славен престол во специфична улога на Судија? Да. Исус им рекол на апостолите: „При повторното раѓање [создавање, НС], кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена“ (Матеј 19:28). Иако Исус сега е Цар на Царството, неговата натамошна активност, спомената во Матеј 19:28, ќе вклучи и седнување на престол за да суди во текот на Милениумот. Во тоа време, тој ќе му суди на сето човештво — на праведните и на неправедните (Дела 24:15). Корисно е да се има ова на ум додека го свртуваме нашето внимание кон една од Исусовите параболи кои се однесуваат на нашево време и на нашиот живот.

      Што вели параболата?

      20, 21. Што прашале Исусовите апостоли, а кое всушност се однесува на нашево време, и до кое прашање води тоа?

      20 Кратко пред Исус да умре, апостолите го прашале: „Кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање [присутност, НС] и за свршетокот на светот?“ (Матеј 24:3). Исус претскажал значајни настани на Земјата пред ‚да дојде крајот‘. Кратко пред тој крај, народите ќе „Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила“ (Матеј 24:14, 29, 30).

      21 Но, како ќе поминат луѓето од тие народи кога ќе пристигне Синот човечки во својата слава? Да го видиме тоа од параболата за овците и јарците, која започнува со зборовите: „Кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него сите народи“ (Матеј 25:31, 32).

      22, 23. Кои точки укажуваат дека параболата за овците и јарците не почнала да се исполнува во 1914 година?

      22 Дали оваа парабола се однесува на времето кога Исус седнал во царска моќ во 1914 година, како што долго време мислевме? Па, Матеј 25:34 зборува за него како за Цар, и затоа параболата логично се однесува на времето откако Исус станал Цар во 1914 година. Но, какво судење извршил набргу после тоа? Тоа не било судење на „сите народи“. Напротив, тој им обрнал внимание на оние кои тврдат дека го сочинуваат ‚Божјиот дом‘ (1. Петрово 4:17). Во склад со Малахија 3:1-3, Исус како Јеховин гласник, преку судска постапка ги испитал преостанатите помазани христијани на Земјата. Значи, исто така, тоа било време за судска казна над т. н. христијанство, кое лажно тврдело дека е „дом Божји“c (Откровение 17:1, 2; 18:4-8). Но, ништо не укажува на тоа дека во 1914 година или од таа година наваму, Исус седнал за конечно да им суди на луѓето од сите народи како на овци и јарци.

      23 Ако ја анализираме Исусовата активност во параболата, го гледаме како тој најпосле им суди на сите народи. Од параболата не произлегува дека таквото судење ќе трае низ некој период од многу години, небаре секое лице коешто умрело во овие последни децении да било просудено како достојно за вечна смрт или вечен живот. Се чини дека повеќето од оние кои умреле во последниве децении, отишле во општиот гроб на човештвото (Откровение 6:8; 20:13). Сепак, параболата го опишува времето кога Исус им суди на луѓето од „сите народи“ кои тогаш се живи и кои се соочуваат со извршување на неговата судска казна.

      24. Кога ќе се исполни параболата за овците и јарците?

      24 Со други зборови, параболата укажува на иднината кога Синот човечки ќе дојде во својата слава. Тој ќе седне за да им суди на луѓето кои ќе живеат тогаш. Неговиот суд ќе се темели на тоа какви се покажале. Во тоа време јасно ќе биде утврдена „разликата меѓу праведник и безбожник“ (Малахија 3:18). Самото објавување и извршување на пресудата ќе биде извршено во ограничено време. Исус ќе донесе праведни одлуки на темел на она што било очевидно за секој поединец. (Види и 2. Коринтјаните 5:10.)

      25. Што опишува Матеј 25:31 кога вели дека Синот човечки седнува на славен престол?

      25 Според тоа, ова значи дека Исусовото ‚седнување на својот славен престол‘ за судењето, споменато во Матеј 25:31, се однесува на едно идно време кога овој моќен Цар ќе седне за да изрече и изврши пресуда над народите. Да, сцената на судењето која го вклучува Исус во Матеј 25:31-33, 46, може да се спореди со сцената во Даниил, поглавје 7, каде што владејачкиот Цар, Прастариот на денови, седнал за да ја изврши својата улога како Судија.

      26. Кое ново објаснување на параболата станува очигледно?

      26 Ваквото разбирање на параболата за овците и јарците покажува дека извршувањето на пресудата над овците и јарците ќе биде во иднина. Тоа ќе се случи откако ќе избувне „големата неволја“ (НС) спомената во Матеј 24:29, 30 и откако Синот човечки ќе ‚дојде во Својата слава‘. (Спореди Марко 13:24-26.) Потоа, кога целиот зол систем ќе дојде до својот крај, Исус ќе свика суд и ќе донесе и изврши пресуда (Јован 5:30; 2. Солунјаните 1:7-10).

      27. Што треба да нѐ интересира да дознаеме во врска со Исусовата последна парабола?

      27 Ова го разјаснува нашето разбирање на временското ускладување на Исусовата парабола, која покажува кога ќе бидат судени овците и јарците. Но, како се однесува ова на нас кои ревносно ја проповедаме добрата вест за Царството? (Матеј 24:14). Дали тоа го прави нашето дело помалку значајно, или донесува поголема одговорност? Во следната статија ќе видиме на кој начин ова се однесува на нас.

  • Каква е иднината за овците и јарците?
    Стражарска кула 1995 | 15 Октомври
    • Каква е иднината за овците и јарците?

      „Ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите [јарците, НС]“ (МАТЕЈ 25:32).

      1, 2. Зошто треба да нѐ интересира параболата за овците и јарците?

      ИСУС ХРИСТОС сигурно бил најголемиот Учител на Земјата (Јован 7:46). Еден од неговите методи на поучување било користењето на параболи, односно илустрации (Матеј 13:34, 35). Тие биле едноставни но силни кога ги пренесувале длабоките духовни и пророчки вистини.

      2 Во параболата за овците и јарците, Исус укажал на времето кога тој ќе дејствува во едно посебно својство: „Кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и . . .“ (Матеј 25:31). Ова треба да нѐ интересира, бидејќи со оваа илустрација Исус го заклучува својот одговор на прашањето: „Каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање [присутност, НС] и за свршетокот на светот?“ (Матеј 24:3). Но, што значи тоа за нас?

      3. Што рекол Исус претходно во својата расправа дека ќе се развие веднаш по започнувањето на големата неволја?

      3 Исус прорекол впечатливи настани кои ќе дојдат ‚веднаш по‘ избувнувањето на големата неволја, настани кои ги очекуваме. Тој рекол дека ќе се појави „знакот на Синот Човечки“. Тоа силно ќе влијае врз „сите земни племиња“ кои ќе „Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила“.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели