-
Зошто да ја проучуваш Библијата?Стражарска кула 2015 | 1 Април
-
-
ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | САКАШ ЛИ ДА ЗНАЕШ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА БИБЛИЈАТА?
Зошто да ја проучуваш Библијата?
Која е смислата на животот?
Зошто луѓето страдаат и умираат?
Што ни носи иднината?
Дали Бог се грижи за мене?
Дали некогаш си размислувал за некое од овие прашања? Ако да, не си единствениот. Многу луѓе низ целиот свет си поставуваат вакви длабоки прашања. Но, дали е можно да се најде одговорот?
Милиони луѓе би рекле „да“. Зошто? Затоа што тие нашле задоволувачки одговори на своите прашања во Библијата. Дали и ти сакаш да дознаеш што вели Библијата? Ако да, можеш бесплатно да ја проучуваш со Јеховините сведоциa‚ односно да започнеш библиски курс.
Кога ќе им се понуди да ја проучуваат Библијата, некои луѓе велат: „Немам време“, „Тешка е за разбирање“ или „Не сакам обврски“. Но, други не го делат нивното мислење. Тие сакаат да дознаат што пишува во Библијата и затоа со задоволство одвојуваат време да ја проучуваат. Да разгледаме неколку примери.
„Одев во католички и протестантски цркви, во храм на Сиките, во будистички манастир и студирав на теолошки факултет. И покрај тоа, не добив одговор на моите прашања во врска со Бог. Но, една жена која беше Јеховин сведок дојде кај мене и ми одговори на прашањата со помош на Библијата. Бидејќи бев воодушевена од тоа, прифатив да ја проучувам Библијата“ (Џил, Англија).
„Имав многу прашања во врска со животот, но пасторот во мојата црква не ми даде задоволувачки одговори. Сепак, еден Јеховин сведок ми даде одговор на прашањата користејќи ја само Библијата. Кога ме праша дали сакам да научам нешто повеќе, со задоволство се согласив“ (Кофи, Бенин).
„Се прашував во каква состојба се мртвите. Мислев дека мртвите можат да им наштетат на живите, но сакав да знам што вели Библијата. Затоа почнав да ја проучувам со еден пријател кој беше Сведок“ (Жозе, Бразил).
„Почнав да ја читам Библијата, но не можев да ја разберам. По некое време, кај мене дојдоа Јеховини сведоци и ми објаснија неколку библиски пророштва. Сакав да дознаам нешто повеќе“ (Дениз, Мексико).
„Се прашував дали Бог навистина се грижи за мене. Затоа решив да му се молам на Богот кој се спомнува во Библијата. Следниот ден Сведоците дојдоа кај мене и почнав да ја проучувам Библијата“ (Енџи, Непал).
Овие искуства нѐ потсетуваат на зборовите што ги кажал Исус: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Како луѓе, создадени сме со духовни потреби. Само Бог може да ни помогне да ги задоволиме тие потреби и тоа преку неговата Реч, Библијата.
Но, како се проучува Библијата? Како може да ти користи проучувањето на Божјата Реч? Одговорот на овие прашања можеш да го прочиташ во следната статија.
a Јехова е името на Бог кое е запишано во Библијата.
-
-
Библиски курс за секогоСтражарска кула 2015 | 1 Април
-
-
ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | САКАШ ЛИ ДА ЗНАЕШ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА БИБЛИЈАТА?
Библиски курс за секого
Јеховините сведоци се познати по тоа што ја проповедаат добрата вест од Библијата. Но, дали си знаел дека тие им нудат курс на луѓето низ целиот свет за да им помогнат да дознаат нешто повеќе за Библијата?
Во 2014 год., околу 8.000.000 Сведоци во 240 земји водеа повеќе од 9.500.000 библиски курсеви секој месец.a Интересно е тоа што околу 140 земји во светот немаат толкав број жители!
За да се врши оваа образовна програма, Јеховините сведоци досега издадоа речиси 1,5 милијарда Библии, книги, списанија и други публикации за проучување на Библијата на околу 700 јазици! Тоа што нивните публикации се најраспространети и најпреведувани им овозможува на луѓето да ја проучуваат Библијата на својот мајчин јазик.
ОДГОВОР НА НАЈПОСТАВУВАНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БИБЛИСКИОТ КУРС
Што се обработува на библискиот курс?
На курсот се обработуваат различни теми така што се разгледуваат библиски стихови кои се поврзани со тие теми. На пример, Библијата дава одговор на некои прашања, како што се: Кој е Бог? Каков е тој? Дали има име? Каде живее? Дали можеме да бидеме блиски со него? Но, прашањето е каде во Библијата може да се најдат тие одговори.
За да им помогнеме на луѓето да ги најдат одговорите, обично ја користиме книгата Што навистина учи Библијата?b‚ која има 224 страници. Со помош на оваа книга луѓето можат полесно да ги разберат основните учења од Библијата. Во неа има поглавја за Бог, за Исус Христос, за страдањата, за воскресението, за молитвата и за други теми.
Кога и каде може да се одржува курсот?
Курсот може да се одржува во време и на место што тебе најмногу ти одговара.
Колку време треба да одвоиш?
Многумина одвојуваат отприлика еден час седмично за да ја проучуваат Библијата. Но, некои проучуваат само по 10 или 15 минути седмично. Според тоа, времето не е фиксно, ние ќе се приспособиме на твојот распоред.
Колку чини курсот?
Курсот, Библијата и публикациите за проучување се бесплатни. Ова е во склад со зборовите што Исус им ги кажал на своите следбеници: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8).
Колку време трае библискиот курс?
Од тебе зависи колку долго ќе трае курсот. Во книгата Што навистина учи Библијата? се обработуваат 19 теми. Можеш да ги проучиш сите теми или само некои од нив и тоа со темпо што тебе ти одговара.
Дали библискиот курс ме обврзува да станам Јеховин сведок?
Не. Ние го почитуваме правото на секој човек да избере во што ќе верува. Луѓето кои ќе стекнат основни познавања за Библијата ќе можат да донесат информирана одлука.
Каде може да најдам повеќе информации?
Може да ја посетиш интернет-страницата jw.org/mk за да најдеш точни информации во врска со верувањата и активностите на Јеховините сведоци.
Како може да побарам библиски курс?
Пополни го онлајн барањето за библиски курс на www.jw.org/mk.
Пиши до издавачите користејќи ја најблиската адреса од 2. страница на ова списание.
-