ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/11 стр. 18-23
  • Служи му на Јехова лојално

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Служи му на Јехова лојално
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи да се биде лојален
  • Да се цени она што сме го научиле
  • Цени го христијанското братство
  • Каде на друго место
  • Изградувај ги другите
  • Спротивстави му се на Ѓаволот!
  • Потпирај се на Бог во молитва
  • „Само ти си лојален“
    Приближи му се на Јехова
  • Гледај на лојалните!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да се служи лојално со Јеховината организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали ја цениш Јеховината лојална љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/11 стр. 18-23

Служи му на Јехова лојално

„Со верниот човек [ти Јехова] постапуваш верно“ (2. САМУИЛОВА 22:26, ДК).

1. Како постапува Јехова со оние кои му се лојални?

НА ЈЕХОВА не може да му се отплати за сето она што го направил за својот народ (Псалми 115:3 [116:12, NW]). Колку се прекрасни неговите духовни и материјални дарови и неговата нежна милост! Цар Давид, од древниот Израел, знаел дека Бог постапува лојално со оние кои му се лојални нему и тоа го искажал во песната што ја составил „во денот, кога Господ го спаси од раката на сите непријатели негови и од раката на [царот] Саула“ (2. Царства 22:1).

2. Кои се некои од мислите што се изложени во Давидовата песна запишана во 2. Царства, 22. поглавје?

2 Давид ја започнал својата песна (паралелна со Псалми 17[18, NW]), фалејќи го Јехова како „спасител“ кој одговара на молитва (2. Царства 22:2-7). Од својот небесен храм, Бог дејствувал за да го ослободи својот лојален слуга од моќните непријатели (стихови 8-19). Давид бил награден поради тоа што го следел исправниот начин на постапување и ги држел Јеховините патишта (стихови 20-27). Потоа се наброени дела извршени со сила дадена од Бог (стихови 28-43). На крајот, Давид навел како бил ослободен од домашните завидливци и од непријателите кои припаѓале на другите народи и му се заблагодарил на Јехова како на оној ‚Кој славно го спасува Својот цар и му прави милост на помазаникот Свој Давида‘ (стихови 44-51). Јехова може да нѐ ослободи и нас ако следиме исправен начин на постапување и ако се надеваме на него дека ќе ни даде сила.

Што значи да се биде лојален

3. Од библиска гледна точка, што значи да се биде лојален?

3 Давидовата песна на ослободување ни ја дава оваа утешна гаранција: „Со верниот човек [ти Јехова] постапуваш верно“ (2. Самуилова 22:26). Хебрејската придавка која означува „некого кој е лојален“ или „некого кој има љубезна доброљубивост“, е каси́д (Псалми 18:25, фуснота, NW со објаснување). Именката ке́сед ја содржи мислата за доброљубивост која со љубов се прилепува за некој предмет сѐ додека не се оствари неговата цел во врска со него. Таков вид доброљубивост изразува Јехова спрема своите слуги, како што и тие ја изразуваат спрема него. Таа праведна, света лојалност се преведува како „љубезна доброљубивост“ и „лојална љубов“ (1. Мојсеева 20:13; 21:23). Во Грчките списи, зборот „лојалност“ ја содржи мислата на светост и почитување која е изразена во именката хосио́тес и во придавката хо́сиос. Таквата лојалност вклучува верност и оддаденост и значи да се биде предаден и внимателно да се извршуваат сите должности спрема Бог. Да се биде лојален спрема Јехова со оддаденост значи да се прилепиме до него толку цврсто што тоа ќе делува како јако лепило.

4. Како е покажана Јеховината лојалност?

4 Самата Јеховина лојалност се покажува на многу начини. На пример, тој презема судски постапки против злобните поради лојалната љубов кон својот народ и поради лојалноста спрема правдата и праведноста (Откровение 15:3, 4; 16:5). Лојалноста спрема својот сојуз со Авраам го поттикнала да биде долготрпелив спрема Израелците (4. Царства 13:23). Оние кои му се лојални на Бог можат да сметаат на неговата помош до крајот на нивниот лојален пат и можат да бидат сигурни дека тој ќе се сеќава на нив (Псалми 36:27, 28; 96:10). Исус бил зајакнат од спознанието дека како Божји главен ‚лојален‘, неговата душа нема да биде оставена во Шеол (Псалми 15:10; Дела на св. апостоли 2:25, 27).

5. Бидејќи Јехова е лојален, што бара тој од своите слуги и на кое прашање ќе обрнеме внимание?

5 Бидејќи Јехова Бог е лојален, тој бара лојалност и од своите слуги (Ефесјаните 4:24). На пример, мажите мораат да бидат лојални за да ги исполнат условите за наименување како собраниски старешина (Тит 1:8). Кои фактори треба да го поттикнат Јеховиниот народ да му служи лојално?

Да се цени она што сме го научиле

6. Што треба да мислиме за библиските работи што сме ги научиле, и што треба да запомниме за таквото спознание?

6 Благодарноста за библиските работи што сме ги научиле треба да нѐ поттикне лојално да му служиме на Јехова. Апостолот Павле го подбудил Тимотеј: „Ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил, бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса“ (2. Тимотеј 3:14, 15). Запомни дека таквото спознание дошло од Бог преку „верниот и разумен роб“ (Матеј 24:45-47, NW).

7. Што треба да мислат старешините за духовната храна што ја дава Бог преку верниот роб?

7 Особено, наименуваните старешини треба да ја ценат хранливата духовна храна што ја дава Бог преку верниот роб. Пред повеќе години некои старешини го немале тоа ценење. Една од оние кои набљудувале забележала дека тие мажи „биле критизерски настроени спрема статиите во Стражарска кула, не сакале да ја прифатат како . . . Божји канал на вистината и секогаш сакале да влијаат на другите во нивниот начин на размислување“. Меѓутоа, лојалните старешини никогаш не се обидуваат да влијаат на другите за тие да отфрлат било што од духовната храна дадена од Бог преку верниот роб.

8. Што ако не цениме во потполност некоја библиска мисла што ја изнесува верниот и разумен роб?

8 Како Јеховини предадени Сведоци, сите мораме да му бидеме лојални нему и на неговата организација. Не треба дури ни да размислуваме да се одвратиме од Божјата прекрасна светлина и да следиме отпаднички пат кој може да води до духовна смрт сега, а на крајот до уништување (Јеремија 17:13). Но, што ако ни е тешко да прифатиме или потполно да цениме некоја библиска мисла што ја изнесува верниот роб? Тогаш понизно да признаеме каде сме ја научиле вистината и да молиме за мудрост за да се бориме со тоа искушение сѐ додека не се оконча преку разјаснување на работите во некоја публикација (Јаков 1:5-8).

Цени го христијанското братство

9. Како покажува 1. Јованово 1:3-6 дека христијанинот мора да има дух на заедништво?

9 Искреното ценење за духот на заедништво кое постои во христијанското братство дава уште еден поттик лојално да му служиме на Јехова. Всушност, нашиот однос со Бог и Христос не може да биде духовно здрав без тој дух. Апостолот Јован им рекол на помазаните христијани: „Она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење [„заедништво“, Стварност] со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос. . . . А ако речеме дека со Него општиме, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината“ (1. Јованово 1:3-6). Ова начело важи за сите христијани, без разлика дали нивната надеж е небесна или земска.

10. Иако Еводија и Синтихија очигледнно имале потешкотија во решавањето на некој меѓусебен проблем, како гледал Павле на тие две жени?

10 Потребен е напор да се задржи духот на заедништво. На пример, на христијанките Еводија и Синтихија очигледно им било тешко да решат некој меѓусебен проблем. Затоа Павле ги советувал „да бидат едномислени во Господа“. Тој додал: „Те молам и тебе, искрени сотрудниче, помагај им ним, кои што се грижеа во Благовестието заедно со мене и со Климента и со другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот“ (Филипјаните 4:2, 3). Тие богобојазливи жени рамо до рамо се бореле со Павле и со другите „во Благовестието [добрата вест, NW]“, па затоа бил сигурен дека тие се наоѓале меѓу оние ‚чии имиња биле во книгата на животот‘.

11. Што би било прикладно да се има на ум ако некој лојален христијанин се соочува со духовен проблем?

11 Христијаните не носат некаков знак за да покажат каква предност имале во Јеховината организација и како му служеле лојално. Ако имаат духовен проблем, колку би било нељубезно да се игнорираат нивните години на лојална служба за Јехова! Веројатно, оној наречен ‚искрен сотрудник‘ бил лојален брат кој бил ревносен во помагањето на другите. Доколку си старешина, дали си ‚искрен сотрудник‘, спремен да пружиш помош на сочувствителен начин? Нека сите ние го земеме предвид доброто што го направиле другите верници, како што прави и Бог, и со љубов да им помагаме да ги носат своите товари (Галатјаните 6:2; Евреите 6:10).

Каде на друго место

12. Каков став зазел Петар кога Исусовите изјави предизвикале ‚мнозина ученици да се повлечат‘?

12 Ќе бидеме поттикнати лојално да му служиме на Јехова заедно со неговата организација ако запомниме дека нема друго место каде што ќе најдеме вечен живот. Кога Исусовите изјави предизвикале ‚мнозина од Неговите ученици да се повлечат‘, тој ги запрашал своите апостоли: „Да не сакате и вие да си отидете?“ Петар одговорил: „Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен, и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, син на живиот Бог“ (Јован 6:66-69).

13, 14. а) Зошто на јудаизмот од I век му недостасувала божествена наклоност? б) Што рекол еден долгогодишен Јеховин Сведок за Божјата видлива организација?

13 Во јудаизмот од првиот век н. е. не се среќавале зборови за ‚вечен живот‘. Неговиот главен грев се состоел во тоа што го отфрлил Исус како Месија. Во ниеден од своите облици, јудаизмот не се темелел исклучиво на Хебрејските списи. Садукеите го негирале постоењето на ангелите и не верувале во воскресение. А фарисеите, иако не се согласувале со нив по тие прашања, грешно ја осакатиле Божјата Реч поради нивните небиблиски преданија (Матеј 15:1-11; Дела на св. апостоли 23:6-9). Тие педанија ги поробиле Евреите и на многумина им отежнале да го прифатат Исус Христос (Колосјаните 2:8). Ревноста за „татковските преданија“ направила Савле (Павле), во своето незнаење, да биде суров прогонител на Христовите следбеници (Галатјаните 1:13, 14, 23).

14 На јудаизмот му недостасувала Божјата наклоност, но Јехова ја благословил организацијата што ја сочинувале следбениците на неговиот Син — ‚народ ревностен кон добри дела‘ (Тит 2:14). Таа организација сѐ уште постои, а еден долгогодишен Сведок за неа рекол: „Ако нешто ми било најважно, тоа било да останам тесно поврзан со Јеховината видлива организација. Моето поранешно искуство ме научи колку е нездраво да се потпирам на човечко расудување. Кога мојот разум еднаш се одлучи на таа мисла, решив да останам со верната организација. А како на друг начин да се добие Јеховина наклоност и благослов?“ Нема друго место каде би добиле божествена милост и вечен живот.

15. Зошто треба да се соработува со Јеховината видлива организација и со оние кои во неа носат орговорности?

15 Нашите срца треба да нѐ тераат да соработуваме со Јеховината организација, бидејќи знаеме дека само таа е водена од неговиот дух и го објавува неговото име и намери. Секако, оние кои во неа ја преземаат одговорноста на себе се несовршени (Римјаните 5:12). Но „се разгори гневот на Господа“ против Арон и Маријам кога му нашле мана на Мојсеј и заборавиле дека од Бог дадената одговорност му била доверена нему, а не на нив (4. Мојсеева 12:7-9). Денес, лојалните христијани соработуваат со „оние кои го преземаат водството“ [NW] затоа што тоа го бара Јехова (Евреите 13:7, 17). Доказот за нашата лојалност го вклучува и нашето редовно присустување на христијанските состаноци и давањето коментари кои ‚поттикнуваат кон љубов и добри дела‘ (Евреите 10:24, 25).

Изградувај ги другите

16. Која желба треба да нѐ мотивира лојално да му служиме на Јехова?

16 Желбата да ги изградуваме другите исто така би требало да нѐ мотивира лојално да му служиме на Јехова. Павле напишал: „Умот [спознанието, NW] возгордува, а љубовта изградува“ (1. Коринтјаните 8:1). Бидејќи одреден вид на знаење ги надувува оние кои го имаат. Павле сигурно мислел на тоа дека љубовта ги изградува и оние кои ја покажуваат таа особина. Една книга од професорите Вајс и Инглиш вели: „Лицето кое ја има способноста да љуби, обично за возврат е љубено. Способноста да се шири добра волја и обѕирност во секој аспект од животот . . . има значајно творечко влијание на оној кој покажува такви чувства, како и на оној кој ги прима, и така им донесува задоволство на обајцата“. Покажувајќи љубов, ги изградуваме и другите и себеси, како што е наведено со Исусовите зборови: „Поблажено е да се дава, отколку да се зема“ (Дела на св. апостоли 20:35).

17. Како љубовта изградува, и во што таа ќе нѐ спречи?

17 Во 1. Коринтјаните 8:1, Павле го употребил грчкиот збор ага́пе, што значи начелна љубов. Таа изградува затоа што е долготрпелива и љубезна, сѐ поднесува и издржува и никогаш не изневерува. Таа љубов ги отстранува штетните емоции, како што се гордоста и љубомората (1. Коринтјаните 13:4-8). Таквата љубов ќе нѐ чува од тоа да се жалиме на нашите браќа кои се несовршени како и ние. Таа ќе нѐ спречува да не станеме како ‚безбожните луѓе‘ кои ‚се вовлекле‘ меѓу вистинските христијани од првиот век. Тие мажи ‚се одрекувале од поглаварствата, и хулеле на славата‘, очигледно клеветејќи ги поединците, како што биле помазаните христијански надгледници на кои им била доделена извесна слава (Јуда 3, 4, 8, ДК). Лојални на Јехова, никогаш да не попуштиме под искушението да направиме нешто слично.

Спротивстави му се на Ѓаволот!

18. Што би сакал Сатана да му направи на Јеховиниот народ, но зошто не може?

18 Спознанието дека Сатана сака да го уништи нашето единство како Божји народ, треба да ја зголеми нашата одлучност лојално да му служиме на Јехова. Сатана дури би сакал да го уништи сиот Божји народ, а Ѓаволовите земски слуги понекогаш дословно ги убиваат вистинските обожаватели. Но Бог нема да дозволи Сатана да ги убие сите нив. Исус умрел за „да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот“ (Евреите 2:14). Сатановото подрачје на владеење е особено ограничено по неговото истерување од небото откако Христос станал Цар во 1914. Во Јеховино одреденото време, Исус ќе го уништи Сатана и неговата организација.

19. а) Какво предупредување пред Сатановите настојувања дало ова списание пред многу години? б) Каква грижа треба да покажуваме во нашето однесување спрема другите верници за да ги избегнеме замките на Сатана?

19 Ова списание еднаш предупредило: „Ако Сатана, Ѓаволот, може да предизвика неред меѓу Божјиот народ, ако може да предизвика меѓусебно да се караат и тепаат, или да покажуваат и развиваат себична склоност која би можела да води до уништување на љубовта спрема братството, тој со тоа би успеал да ги проголта“ (Стражарска кула, 1. мај 1921, стр. 134, англ). Да не му дозволиме на Ѓаволот да го уништи нашето единство, така што можеби нѐ наведува меѓусебно да се клеветиме или да се караме (3. Мојсеева 19:16). Нека Сатана никогаш не нѐ надмудри за ние лично да им наштетуваме на оние кои лојално му служат на Јехова или уште повеќе да им го отежнуваме животот. (Спореди 2. Коринтјаните 2:10, 11.) Наместо тоа, да ги применуваме зборовите на Петар: „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта; спротивете му се со тврда вера“ (1. Петрово 5:8, 9). Ако задржиме цврст став против Сатана, можеме да го одржиме нашето благословено единство како Јеховин народ (Псалми 132:1-3).

Потпирај се на Бог во молитва

20, 21. Како е поврзано потпирањето на Јехова во молитва со лојалното служење?

20 За да продолжиме лојално да му служиме на Јехова ќе ни биде од помош ако се потпираме на Бог во молитва. Кога ќе видиме дека тој одговара на нашите молитви, привлечени сме уште поблиску до него. Апостол Павле поттикнувал да се потпираме на Јехова Бог во молитва, кога напишал: „Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи ги чистите [лојалните, NW] раце без гнев и сомневање“ (1. Тимотеј 2:8). На пример, колку е важно старешините во молитва да се потпираат на Бог! Таквиот доказ на лојалност спрема Јехова, кога се состануваат да разговараат за собраниски работи, ќе помогне да се спречат бескрајни дебати и можни изливи на гнев.

21 Потпирањето на Јехова Бог во молитва ни помага да се грижиме за предности во неговата служба. Еден човек кој со децении лојално му служел на Јехова, можел да каже: „Ако спремно прифатиме било каква задача што ќе ни се даде во Божјата организација ширум светот и ако останеме на нашата задача неподвижни, тоа предизвикува Бог со насмевка да ги одобри нашите искрени напори. Па дури и ако доделената задача изгледа ниска, често пати се установува дека без верно извршување на таа ниска задача не би можело да се извршат многу други витални служби. Затоа, ако сме понизни и непосредно заинтересирани за прославување на Јеховиното име, а не на сопственото, тогаш можеме да бидеме сигурни дека ќе бидеме секогаш ‚цврсти, непоколебливи и богати во делото Господово [Јеховино, NW]‘“ (1. Коринтјаните 15:58).

22. Како треба да влијаат на нашата лојалност многуте Јеховини благослови?

22 Што и да работиме во Јеховината служба, не можеме да му отплатиме за она што тој го прави за нас. Колку сме безбедни во Божјата организација, опкружени со оние кои се негови пријатели! (Јаков 2:23). Јехова нѐ благословил со единство кое никнува од братска љубов која е толку длабоко вкоренета што самиот Сатана не може да ја откорне. Затоа, да се држиме до нашиот лојален небесен Татко и да работиме заедно, како негов народ. Сега и во сета вечност, лојално да му служиме на Јехова.

Како би одговорил?

◻ Што значи да се биде лојален?

◻ Кои се некои од факторите кои треба да нѐ поттикнат лојално да му служиме на Јехова?

◻ Зошто мора да му се спротивставиме на Ѓаволот?

◻ Како може молитвата да ни помогне да бидеме лојални слуги на Јехова?

[Слика на страница 23]

Јеховините лојални слуги не дозволуваат нивниот Противник сличен на лав, Ѓаволот, да го разбие нивното единство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели