ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/09 стр. 23-26
  • Како да уживам во читањето на Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да уживам во читањето на Библијата?
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Како може да ми помогне Библијата? — втор дел: Уживај во читањето на Библијата
    Младите прашуваат
  • Да се извлече корист од секојдневното читање на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Како може да ми помогне Библијата? — прв дел: Истражувај ја Библијата
    Младите прашуваат
  • Извлечи поголема корист од читањето на Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 4/09 стр. 23-26

Младите прашуваат

Како да уживам во читањето на Библијата?

Колку често ја читаш Библијата? (штиклирај само еден одговор)

□ секој ден

□ секоја седмица

□ друго ․․․․․

Доврши ја следнава реченица.

Во читањето на Библијата не уживам ако... (штиклирај ги сите што важат за тебе)

□ она што го читам ми е досадно

□ не разбирам што читам

□ нешто ме деконцентрира

□ друго ․․․․․

ДАЛИ читањето на Библијата не ти е баш најомилено нешто? Ако да, веројатно ќе се сложиш со Вил (18), кој вели: „Може да ти се чини дека Библијата не е интересна“. Меѓутоа, тој понатаму додава: „Само ако не знаеш како да ја читаш“.

Зошто не се обидеш да научиш како да ја читаш Библијата? Дали би сакал да дознаеш како...

◼ да донесуваш добри одлуки?

◼ да имаш добри пријатели?

◼ да се справиш со стресот?

Библијата содржи бисери на мудрост не само на овие, туку и на многу други теми. Се разбира, за да се најдат овие бисери, треба да се вложи труд. Но, ваквиот труд може да се спореди со потрага по изгубено богатство — колку поголем е предизвикот, толку повозбудливо е откритието! (Изреки 2:1-6).

Како можеш да го откриеш богатството што го содржи Библијата? Исечокот на десната страна може да ти даде идеја како и (од другата страна) по кој редослед да ја читаш Библијата. Би можел да ги пробаш и другите предлози во оваа статија што ти се допаѓаат тебе лично.

Ако имаш пристап до Интернет, би можел да ја читаш Библијата на повеќе јазици на www.watchtower.org

РАЗМИСЛИ

Се вели дека, колку ќе вложиш толку ќе добиеш.

◼ Како важи ова за читањето на Библијата?

◼ Кое време би можел да го резервираш за читање Библија?

[Рамка/слика на страница 23]

КАКО ДА ЈА ЧИТАШ БИБЛИЈАТА?

Пред да читаш...

◼ одбери некое тивко место за да можеш да се концентрираш

◼ моли се да го разбереш прочитаното

Додека читаш...

◼ користи географски карти и слики со библиски сцени кои ќе ти помогнат да си го замислиш она што го читаш

◼ земи го предвид контекстот и анализирај ги деталите

◼ провери ги фуснотите и маргиналиите

◼ поставувај си прашања:

ФАКТИ: Кога се случило ова? Кој ги кажал овие зборови? Кому му биле упатени?

ЗНАЧЕЊЕ: Како ќе му го објаснам ова на некој друг?

ВРЕДНОСТ: Зошто Јехова дал да се запише ова во неговата Реч? Што ми открива овој извештај за него како личност и за начинот на кој постапува? Кои поуки можам да ги применам во животот?

Откако ќе завршиш со читањето...

◼ побарај додатни информации во публикациите на Јеховините сведоци, како што се книгите Увид во Светото писмо (англ.) и „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно“ (срп.)

◼ помоли се уште еднаш. Кажи му на Јехова што си научил и како планираш да го примениш тоа. Заблагодари му се за неговата Реч, Библијата

[Рамка/слика на страница 24]

ПО КОЈ РЕДОСЛЕД ЌЕ ЈА ЧИТАШ БИБЛИЈАТА?

Можности:

□ Читај ја Библијата од 1. Мојсеева до Откровение.

□ Читај ја по хронолошки редослед — според времето кога биле пишувани книгите или според настаните.

□ Секој ден, читај од различен дел на Библијата. На пример...

понеделник: возбудлива историја (од 1. Мојсеева до Естира)

вторник: животот и учењата на Исус (од Матеј до Јован)

среда: активностите на првите христијани (Дела)

четврток: пророштва и поуки (од Исаија до Малахија, Откровение)

петок: трогателна поезија и песна (Јов, Псалми и Песна над песните)

сабота: мудрост што ќе ти користи во животот (Изреки и Проповедник)

недела: писма до собранијата (од Римјаните до Јуда)

Без разлика по кој редослед ќе читаш, води сметка до каде си стигнал! Откако ќе прочиташ едно поглавје, штиклирај го со вакво знакче ✔, или на некој друг начин.

Исечи го ова и чувај си го во Библијата!

[Рамка/графикон на страница 24]

ОЖИВЕЈ ЈА БОЖЈАТА РЕЧ!

Внеси се во она што го читаш. На пример:

□ Кога читаш список со имиња, нацртај го семејното стебло.

□ Прави шеми. На пример, додека читаш за некој верен Божји слуга, поврзи ги неговите особини и постапки со благословите што ги добил (Изреки 28:20).

[Графикон]

Божји пријател

↑ послушен

↑ верен

↑ ↑

Авраам

□ Прави цртежи на настаните за кои читаш.

□ Нацртај неколку едноставни слики кои го покажуваат редоследот на настаните. Опиши што се случува во секоја сцена.

□ Прави макети, на пример, од Ноевата арка. (Види го Разбудете се! од јануари 2007, 22. страница.)

□ Читај наглас со пријателите или со членовите на семејството. Предлог: поделете го текстот во улоги — еден нека биде раскажувач, а другите нека го читаат текстот што го кажуваат разните ликови.

□ Избери еден библиски расказ и претвори го во новинарска приказна. Раскажи го од повеќе агли, така што ќе вклучиш „интервјуа“ со главните ликови и со очевидците.

□ Избери расказ во кој еден од ликовите донел погрешна одлука и замисли си поинаков крај! Да го земеме за пример настанот кога Петар се одрекол од Исус (Марко 14:66-72). Како можел Петар поинаку да се справи со притисокот?

□ Гледај или слушај снимки од библиски драми.

□ Напиши сопствена драма. Вклучи ја и поуката за извештајот на кој ти се темели драмата (Римјаните 15:4).

ИДЕЈА: Изведи ја оваа драма со неколку пријатели.

[Рамка/слика на страница 25]

МОТИВИРАЈ СЕ

◼ Постави си цел! На празната линија напиши од кој датум сакаш да почнеш редовно да ја читаш Библијата.

․․․․․

◼ Избери дел од Библијата што те интересира. (Види ја рамката „По кој редослед ќе ја читаш Библијата?“) Потоа, на празната линија напиши кој дел од Библијата ќе го читаш најпрво.

․․․․․

◼ За почеток, одвој помалку време за читање. Дури и ако читаш само 15 минути е подобро отколку воопшто да не читаш. На празната линија напиши колку време можеш да одвоиш за читање.

․․․․․

Предлог: Една Библија нека ти служи само за проучување. Прави си белешки во неа. Означи ги стиховите кои особено ти значат.

[Рамка/слики на страница 25]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

„Секоја вечер пред да си легнам читам по малку од Библијата. Ова ми помага да заспијам со убави мисли“ (Меган)

„На секој стих посветувам по 15-ина минути. Ја читам секоја фуснота, ги барам сите маргиналии, а барам и дополнителни информации. Понекогаш не успевам да го завршам истражувањето на целиот стих за тие 15 минути, но ова ми помага да извлечам многу поголема корист!“ (Кори)

„Еднаш успеав да ја прочитам Библијата за 10 месеци. На тој начин, за првпат забележав како некои делови од неа се поврзани меѓу себе“ (Џон)

[Рамка на страница 25]

ИЗБЕРИ САМ!

□ Избери настан. Библијата е преполна со вистински приказни. Избери приказна што ти е интересна и прочитај ја од почеток до крај.

Предлог: На 292. страница од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, издадена од Јеховините сведоци, можеш да најдеш идеи што ќе ти помогнат да извлечеш уште поголема корист додека ги читаш библиските настани.

□ Избери евангелие. Прочитај го Матеј (првото евангелие кое било напишано), Марко (во кое настаните се опишани на многу возбудлив начин), Лука (во кое им се обрнува посебно внимание на молитвата и на жените), или Јован (кое дава многу информации што не се спомнати во другите евангелија).

Предлог: Пред да почнеш да читаш, накратко побарај информации за таа библиска книга и за нејзиниот писател. Тоа ќе ти помогне да разбереш по што се разликува од останатите.

□ Избери псалм. На пример:

Ако се чувствуваш осамен и мислиш дека немаш пријатели, прочитај го 142. Псалм.

Ако те обесхрабрува некоја твоја слабост, прочитај го 51. Псалм.

Ако се сомневаш во вредноста на Божјите мерила, прочитај го 73. Псалм.

Предлози: Направи список на прочитани псалми кои посебно те охрабриле тебе лично.

[Рамка на страница 26]

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО

◼ Земи го предвид контекстот. Испитај кога, каде и во какви околности се случил или е напишан делот што го читаш.

Пример: Прочитај Езекиел 14:14. Отприлика на која возраст бил Даниел кога Јехова го спомнал како добар пример заедно со Ное и Јов?

Мала помош: Езекиел, 14. поглавје било запишано само пет години откако Даниел бил одведен како роб во Вавилон, кога најверојатно бил тинејџер.

Скриениот бисер: Дали Даниел бил премногу млад за Јехова да ја забележи неговата верност? Поради кои добри одлуки бил благословен? (Даниел 1:8-17). Како примерот на Даниел може да ти помогне тебе да донесуваш добри одлуки?

◼ Анализирај ги деталите. Понекогаш само еден или два збора можат да бидат клучни.

Пример: Спореди го Матеј 28:7 со Марко 16:7. Зошто Марко го вклучил детаљот дека Исус ќе им се појави на неговите ученици „и на Петар“?

Мала помош: Марко не бил очевидец на овие настани; очигледно, оваа информација ја добил од Петар.

Скриениот бисер: Зошто можеби било утешно за Петар да чуе дека Исус сакал повторно да го види? (Марко 14:66-72). На кој начин Исус покажал дека му е вистински пријател на Петар? Како можеш да го следиш примерот на Исус и да им бидеш вистински пријател на другите?

◼ Барај дополнителни информации. Побарај објаснување во библиската литература.

Пример: Прочитај Матеј 2:7-15. Кога астролозите го посетиле Исус?

Мала помош: Види Стражарска кула од 1 јануари 2008, 31. страница, издадена од Јеховините сведоци.

Скриениот бисер: Како Јехова, најверојатно, се погрижил за материјалните потреби на семејството на Исус додека тој бил во Египет? Како може довербата во Бог да ти помогне кога ќе се најдеш во тешки околности? (Матеј 6:33, 34).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели