Поглавје 97
Работници во лозјето
„МНОЗИНА кои се први“, штотуку рекол Исус, „ќе бидат последни, а последните први.“ Сега ова го илустрира раскажувајќи една приказна. „Небесното царство“, започнува тој, „е како човек, домаќин, кој излегол рано наутро да изнајми работници за своето лозје.“
Исус продолжува: „Кога [домаќинот] се договори со работниците за денариј на ден, ги испрати во своето лозје. Кога излезе и околу третиот час, виде други како стојат невработени на пазариштето; и ним им рече: ‚Појдете и вие во лозјето, и ќе ви го дадам тоа што е праведно‘. Така, тие отидоа. Повторно излезе околу шестиот и деветтиот час и го направи истото. На крајот, излезе околу единаесеттиот час и најде други како стојат, па им рече: ‚Зошто цел ден стоите овде невработени?‘ Тие му рекоа: ‚Затоа што никој не нѐ изнајми‘. Тој им рече: ‚Одете и вие во лозјето‘“.
Домаќинот, или сопственикот на лозјето, е Јехова Бог, а лозјето е израелската нација. Работниците во лозјето се лицата земени во сојузот на Законот; тоа се токму оние Евреи кои живееле во времето на апостолите. Договор за дневница е направен само со работниците кои работеле полно работно време. Дневницата е денариј за цел ден работа. Со оглед на тоа дека „третиот час“ е 9.00 часот претпладне, оние кои се повикани во третиот, шестиот, деветтиот и единаесеттиот час работат само 9, 6, 3 и 1 час.
Работниците кои работеле 12 часа или полно работно време ги претставуваат еврејските водачи кои постојано биле зафатени со религиозната служба. Тие не се како Исусовите ученици, кои, поголемиот дел од својот живот биле зафатени со риболов или со други световни занимања. Дури во есента 29 н.е., „домаќинот“ го испратил Исус Христос да ги собере таквите да бидат негови ученици. На тој начин, тие станале „последните“, или работниците кои на лозјето дошле во единаесеттиот час.
Конечно, симболичниот работен ден завршува со Исусовата смрт, и доаѓа времето да се исплатат работниците. Се следи необично правило на плаќање, најпрвин на последните, како што е објаснето: „Кога се свечери, господарот на лозјето му рече на својот надзорник: ‚Повикај ги работниците и исплати им ја платата, почнувајќи од последниот па до првиот‘. Кога дојдоа оние од единаесеттиот час, примија секој по денариј. Затоа, кога дојдоа првите, заклучија дека ќе добијат повеќе; но и тие добија плата од денариј. Штом ја примија, почнаа да мрморат против домаќинот и рекоа: ‚Овие последниве работеа еден час; а ти ги изедначи со нас кои го поднесовме товарот на денот и жегата!‘ А тој, одговарајќи му на едниот од нив, рече: ‚Пријателе, не ти чинам неправда. Зарем не се договори со мене за денариј? Земи што е твое и оди си. На последниов сакам да му дадам исто колку и на тебе. Зарем не ми е дозволено да правам што сакам со она што е мое? Или твоето око е зло затоа што сум добар?‘“ Во заклучокот Исус ја повторил поентата што ја навел претходно: „На тој начин последните ќе бидат први, а првите последни“.
Примањето на денаријот не се случува при Исусовата смрт туку на Пентекост 33 н.е., кога Христос, ‚настојникот‘, го излива светиот дух врз своите ученици. Тие ученици на Исус се како „последните“, или работниците повикани во единаесеттиот час. Денаријот не го претставува самиот дар на светиот дух. Денаријот е нешто што учениците треба да го употребат овде на Земјата. Тоа е нешто што значело нивна живеачка, нивни вечен живот. Тоа е предноста да бидат духовни Израелци, помазани да проповедаат за Божјето Царство.
Наскоро оние кои биле најмени први забележуваат дека Исусовите ученици се исплатени и гледаат како тие ги употребуваат симболичните денарии. Но тие сакаат повеќе отколку светиот дух и неговите придружни предности на Царството. Нивното мрморење и приговарање е во облик на прогонување на Христовите ученици, „последните“ работници во лозјето.
Дали тоа исполнување од првиот век е единствено исполнување на Исусовата илустрација? Не, свештениците на христијанскиот свет во 20 век, поради нивната положба и одговорност, биле „првите“ најмени за работа во Божјето симболично лозје. Тие ги сметале предадените проповедници поврзани со Watch Tower Bible and Tract Society како ‚последни‘ кои треба да имаат некаква валидна задача во Божјата служба. Но всушност, токму овие, кои свештенството ги презирало, биле тие кои го примиле денаријот — честа да служат како помазани застапници на Божјето небесно Царство. Матеј 19:30—20:16.
▪ Што е претставено со лозјето? Кој е претставен со сопственикот на лозјето и со работниците кои работеле 12 часа и 1 час?
▪ Кога завршил симболичниот работен ден, и кога била исплатата?
▪ Што е претставено со исплатата на денаријот?