ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 110
  • Довршена е службата во храмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Довршена е службата во храмот
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Последниот ден на Исус во храмот
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Дојде часот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • На ручек кај еден фарисеј
    Исус — патот, вистината и животот
  • На ручек кај еден фарисеј
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 110

Поглавје 110

Довршена е службата во храмот

ИСУС се појавува последен пат во храмот. Всушност, ја завршува својата јавна служба на Земјата, со исклучок на настаните од неговото судење и погубување, кои ќе се одиграат за три дена. Сега тој продолжува да ги укорува книжниците и фарисеите.

Уште трипати извикува: „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери!“ Прво, тој им објавува неволја зашто ја чистат ‚чашата и чинијата однадвор, а внатре се полни со грабеж и неумереност‘. Затоа ги опоменува: „Исчисти ја првин внатрешноста на чашата и на чинијата за да биде чиста и надворешноста“.

Како следно, на книжниците и фарисеите им објавува неволја заради внатрешната расипаност и гнилост која настојуваат да ја прикријат со надворешна побожност. „Личите на варосани гробови“, вели тој, „кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаков вид нечистота.“

На крајот, нивното лицемерство се покажува во нивната спремност да им градат гробови на пророците и да ги украсуваат за да привлечат внимание кон своите добротворни дела. Сепак, како што открива Исус, тие се „синови на оние кои ги убија пророците“. Навистина, секој што ќе се осмели да го разоткрие нивното лицемерство е во опасност!

Во продолжение Исус ги изговара своите најсилни зборови на осуда. „Змии, потомство на отровници“, вели тој, „како ќе побегнете од судот на Геената?“ Геена е долина која се користела како депонија за ѓубре на Ерусалим. Затоа Исус вели дека заради тоа што следеле зол пат, книжниците и фарисеите ќе претрпат вечно уништување.

Во врска со оние кои тој ги испраќа како свои претставници, Исус вели: „Некои од нив ќе ги убиете и приковате, а некои од нив ќе ги камшикувате по своите синагоги и ќе ги прогонувате од град до град; за да дојде врз вас сета праведна крв пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел до крвта на Захарија, синот на Варахија [наречен Јодај во Втора Летописи] кого го убивте меѓу светилиштето и олтарот. Вистина ви велам: Сето ова ќе дојде врз оваа генерација“.

Бидејќи Захарија строго ги казнил израелските водачи, ‚тие се побуниле против него и го затрупале со камења, по царска заповед, во дворот на Господовиот дом‘. Но, како што претскажува Исус, Израел ќе плати за сета таа праведна крв која е пролеана. Плаќаат 37 години подоцна, во 70 н.е., кога римските војски го уништуваат Ерусалим и загинуваат повеќе од еден милион Евреи.

Зборувајќи за таа страшна ситуација, Исус е вознемирен. „Ерусалиме, Ерусалиме“, објавува уште еднаш тој, „колкупати сакав да ги соберам твоите деца како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата! Но вие не сакавте. Ете, вашата куќа ви се остава запустена.“

Потоа Исус додава: „Отсега никако нема да ме видите додека не речете: ‚Благословен е оној кој доаѓа во Јеховино име!‘“ Тој ден ќе биде за време на Христовата присутност кога ќе дојде во своето небесно Царство и кога луѓето ќе го видат со очите на верата.

Потоа Исус оди на друго место од каде што може да ги види ковчезите за прилози во храмот и мноштвата кои пуштаат пари во нив. Богатите пуштаат многу монети. Но, тогаш доаѓа една сиромашна вдовица и пушта две мали монети со многу мала вредност.

Повикувајќи ги своите ученици, Исус им вели: „Навистина ви велам дека оваа сиромашна вдовица пушти повеќе од сите кои пуштаат пари во ковчезите за прилози“. Тие сигурно се чудат како е тоа можно. Затоа Исус објаснува: „Зашто сите тие пуштија од својот вишок, а таа, од својата немаштија, пушти сѐ што имаше, сета своја издршка“. Откако го кажува ова, Исус го напушта храмот за последен пат.

Восхитувајќи се на големината и убавината на храмот, еден од неговите ученици вели: „Учителе, гледај какви камења и какви градби!“ Навистина, се известува дека камењата биле долги 11 метри, широки 5 и високи 3 метри!

„Ги гледаш ли овие големи градби?“, одговара Исус. „Овде сигурно нема да биде оставен ни камен на камен кој нема да биде урнат.“

Откако го вели тоа, Исус и неговите апостоли ја преминуваат долината Кедрон и се качуваат на Маслинската Гора. Оттука можат да го набљудуваат величествениот храм. Матеј 23:25—24:3; Марко 12:41—13:3; Лука 21:1—6; 2. Летописи 24:20—22.

▪ Што прави Исус за време на својата последна посета на храмот?

▪ Како се покажало лицемерството на книжниците и фарисеите?

▪ Што се мисли со „судот во Геената“?

▪ Зошто Исус вели дека вдовицата приложила повеќе од богатите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели