ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 113
  • Понизност на последната Пасха

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Понизност на последната Пасха
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Поука за понизноста на последната Пасха
    Исус — патот, вистината и животот
  • Најголемиот човек извршува понизна служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Наближувала последната Пасха за Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исусовата последна Пасха е близу
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 113

Поглавје 113

Понизност на последната Пасха

ПЕТАР и Јован, според Исусовите упатства, веќе се пристигнати во Ерусалим за да направат подготовки за Пасхата. Исус, изгледа заедно со другите десетмина апостоли, пристигнува подоцна попладнето. Сонцето се спушта на хоризонтот додека Исус и неговите придружници слегуваат од Маслинската Гора. Тоа е Исусовиот последен денски поглед на градот од оваа гора, сѐ до после неговото воскресение.

Наскоро Исус и неговите придружници пристигнуваат во градот и одат во куќата каде ќе ја прослават Пасхата. Се качуваат по скалите до пространата горна соба, каде што наоѓаат сѐ подготвено за нивното приватно славење на Пасхата. Исус со нетрпение ја очекувал оваа прилика, како што вели: „Имав голема желба да ја јадам оваа пасха со вас пред да пострадам“.

Според обичајот, учесниците на Пасхата пијат четири чаши вино. Очигледно откако ја зема третата чаша, Исус се заблагодарува во молитва и вели: „Земете ја и подајте ја еден на друг; зашто ви велам: Отсега нема повторно да пијам од лозовиот род додека не дојде Божјето царство“.

Некое време во текот на вечерата, Исус станува, ја става настрана својата горна облека, зема крпа и полни сад со вода. Обично домаќинот би се погрижил да му се измијат нозете на гостинот. Но бидејќи во оваа прилика домаќинот не е присутен, Исус се грижи за оваа лична услуга. Кој и да било од апостолите можел да ја искористи приликата да го стори тоа; но изгледа, бидејќи сѐ уште постои соперништво помеѓу нив, никој не го прави тоа. Сега, кога Исус почнува да им ги мие нозете, тие се засрамени.

Кога Исус доаѓа до Петар, овој приговара: „Ти сигурно никогаш нема мене да ми ги измиеш нозете“.

„Ако не те измијам, немаш дел со мене“, вели Исус.

„Господи“, одговара Петар, „не само нозете туку и рацете и главата.“

„Кој се искапал“, му одговара Исус, „не треба да мие ништо друго освен нозете, туку е потполно чист. А вие сте чисти, но не сите.“ Тоа го вели бидејќи знае дека Јуда Искариот планира да го предаде.

Кога ги измива нозете на сите дванаесетмина, вклучувајќи го и својот предавник Јуда, ја облекува својата горна облека и повторно прилегнува до масата. Тогаш ги прашува: „Знаете ли што ви направив? Вие ми се обраќате со: ‚Учителе‘, и: ‚Господи‘, и со право велите, бидејќи тоа и сум. Според тоа, ако јас, иако Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да си ги миете нозете еден на друг. Зашто јас ви дадов пример, и вие да правите така како што ви направив јас. Вистина, вистина ви велам: Робот не е поголем од својот господар, ниту оној кој е испратен е поголем од оној кој го испратил. Ако го знаете тоа, среќни сте ако го извршувате“.

Каква прекрасна поука за понизна служба! Апостолите не би смееле да го бараат првото место, мислејќи за себе дека се толку значајни што би требало секогаш другите да им служат. Тие треба да го следат образецот што го поставил Исус. Тоа не е образец на ритуално миење на нозете. Не, туку тоа е образец на спремност да се служи без пристрасност, сеедно колку работата би можела да биде ниска или непријатна. Матеј 26:20, 21; Марко 14:17, 18; Лука 22:14—18; 7:44; Јован 13:1—17.

▪ Што е единствено за Исусовиот поглед на Ерусалим додека влегува во градот за да ја слави Пасхата?

▪ Очигледно која чаша во текот на Пасхата им ја подава Исус на 12-темина апостоли откако кажува благослов?

▪ Која лична услуга по обичај ја уживал гостинот кога Исус бил на Земјата, и зошто таа не е извршена за време на Пасхата која ја прославувале Исус и апостолите?

▪ Каква била Исусовата цел со тоа што извршил ниска услуга миејќи им ги нозете на своите апостоли?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели