ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 120
  • Одрекувања во дворот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одрекувања во дворот
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Петар се одрекол од Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Од својот Господар научил да простува
    Угледајте се на нивната вера
  • Од својот Господар научил да простува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Помош за да го победиме нашиот страв
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 120

Поглавје 120

Одрекувања во дворот

ОТКАКО го напуштаат Исус во Гетсиманската градина и во страв бегаат со останатите апостоли, Петар и Јован застануваат. Можеби го стигнуваат Исус кога тој е воден во домот на Ана. Кога Ана го испраќа кај првосвештеникот Кајафа, Петар и Јован ги следат на добро растојание, изгледа растргнати меѓу стравот за сопствените животи и длабоката загриженост за тоа што ќе се случи со нивниот Господар.

Пристигнувајќи до пространата резиденција на Кајафа, Јован може да влезе во дворот, бидејќи се знае со првосвештеникот. Меѓутоа, Петар останал да стои надвор крај вратата. Но, набргу Јован се враќа и зборува со вратарката, па на Петар му е дозволено да влезе.

Веќе е ладно, и куќните слуги и службениците на првосвештеникот запалиле оган од јаглен. Петар им се придружува да се згрее додека го чека исходот од Исусовото судење. Таму, во светлината на големиот оган, вратарката која го пуштила Петар внатре го загледува подобро. „И ти беше со Исус Галилеецот!“ извикува таа.

Вознемирен дека го препознале, Петар пред сите одрекува дека воопшто го познава Исус. „Ниту го познавам ниту разбирам што зборуваш“, вели тој.

Потоа Петар оди поблиску до влезната порта. Овде го забележува друга девојка и исто така им вели на оние кои стојат тука: „Овој човек беше со Исус Назареќанецот“. Петар уште еднаш го одрекува тоа, колнејќи се: „Не го познавам човекот!“

Петар останува во дворот, трудејќи се да остане колку што е можно понеупадлив. Можеби во тој момент се преплашува од кукуригањето на еден петел во темнината на раното утро. Во меѓувреме, Исусовото судење е во тек, и очигледно се води во еден дел од куќата кој е над дворот. Без сомнение, Петар и другите кои чекаат долу, гледаат како доаѓаат и си заминуваат разни сведоци кои се доведени да сведочат.

Поминал околу еден час откако Петар бил последен пат препознаен како придружник на Исус. Сега извесен број од оние кои стојат наоколу, доаѓаат до него и му велат: „И ти си сигурно еден од нив, зашто, всушност, твоето наречје те издава“. Еден човек од групата е роднина на Малх, оној кому Петар му го отсекол увото. „Нели те видов тебе во градината со него?“ — вели тој.

„Не го познавам човекот!“ тврди Петар горливо. Всушност, тој се обидува да ги убеди дека сите грешат проколнувајќи и колнејќи се во врска со тоа, всушност, привикувајќи си зло на себеси ако не ја зборува вистината.

Само што Петар по третпат се одрекува, кукурига петел. Во тој момент Исус, кој изгледа излегува на терасата над дворот, се свртува и го погледнува. Петар веднаш се сеќава на она што го рекол Исус само неколку часа пред тоа во горната соба: „Пред да запее петел двапати, трипати ќе се одречеш од мене“. Здробен од тежината на својот грев, Петар излегува надвор и почнува горко да плаче.

Како можело да се случи ова? Како било можно Петар, кој бил толку сигурен во својата духовна сила, трипати едно по друго набрзина да се одрече од својот Господар? Несомнено околностите го затекнале Петар неочекувано. Вистината е искривена, а Исус е опишан како подол злосторник. Она што е исправно се прикажува како погрешно, невиниот како да е виновен. И затоа, поради притисокот на ситуацијата, Петар е исфрлен од рамнотежа. Одеднаш, неговото исправно чувство на лојалност е нарушено; жално за него, тој е парализиран од стравот од луѓето. Нека тоа никогаш не ни се случи нам! Матеј 26:57, 58, 69—75; Марко 14:30, 53, 54, 66—72; Лука 22:54—62; Јован 18:15—18, 25—27.

▪ Како Петар и Јован влегуваат во дворот на првосвештеникот?

▪ Што се случува во куќата додека Петар и Јован се во дворот?

▪ Колку пати кукурига петел, и колку пати Петар одречува дека го познава Исус?

▪ Што значи тоа што Петар проколнува и се колне?

▪ Што го натерало Петар да одрече дека го познава Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели