ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 104
  • Божјиот глас се слуша по третпат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјиот глас се слуша по третпат
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Евреите го чуле гласот на Бог, но дали поверувале?
    Исус — патот, вистината и животот
  • Слушај го гласот на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
  • „Дојде часот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 104

Поглавје 104

Божјиот глас се слуша по третпат

ДОДЕКА е во храмот, Исус се чувствува мачно заради смртта со која наскоро ќе мора да се соочи. Најмногу е загрижен како ќе се одрази тоа на угледот на неговиот Татко, па затоа се моли: „Татко, прослави го своето име“.

На тоа, од небото доаѓа силен глас кој објавува: „И го прославив и пак ќе го прославам“.

Мноштвото кое стои наоколу е збунето. „Ангел му зборуваше“, почнуваат да велат некои. Други тврдат дека загрмело. Но, всушност, Јехова Бог е тој кој зборувал! Меѓутоа, ова не е првпат Божјиот глас да се слушне во врска со Исус.

При Исусовото крштавање, три и пол години пред тоа, Јован Крстител слушнал како Бог за Исус вели: „Ова е мој Син, љубениот, кого го одобрив“. Потоа, некое време после претходната Пасха, кога Исус се преобразил пред Јаков, Јован и Петар, тие го слушнале Бог кој објавил: „Ова е мојот Син, љубениот кого сум го одобрил; него слушајте го“. И сега, по третпат, на 10 нисан, четири дена пред Исусовата смрт, луѓето повторно го слушаат Божјиот глас. Но, овојпат Јехова зборува така што мноштвата можат да го чујат!

Исус објаснува: „Овој глас не беше заради мене, туку заради вас“. Тоа дава доказ дека Исус навистина е Божји Син, ветениот Месија. „Сега е судењето на овој свет“, продолжува Исус, „сега владетелот на овој свет ќе биде истеран надвор.“ Исусовиот верен начин на живот, всушност, потврдува дека Сатана Ѓаволот, владетелот на светот, заслужува да биде „истеран“, погубен.

Укажувајќи на последиците од својата претстојна смрт, Исус вели: „А јас, кога ќе бидам подигнат од земјата, ќе привлечам кај себе луѓе од сите видови“. Неговата смрт во никој случај не е пораз, бидејќи тој со својата смрт ќе ги привлече другите кон себе за да можат да се радуваат на вечен живот.

Но, мноштвото приговара: „Слушнавме од Законот дека Христос останува засекогаш; а како ти велиш дека Синот човечки мора да биде подигнат? Кој е тој Син човечки?“

И покрај сите докази, вклучувајќи го и слушањето на Божјиот сопствен глас, повеќето не веруваат дека Исус е вистинскиот Син човечки, ветениот Месија. Сепак, како што сторил шест месеци пред тоа, на празникот Сеници, Исус повторно зборува за себе како за ‚светлина‘ и своите слушатели ги охрабрува: „Додека ја имате светлината, практикувајте вера во светлината, за да станете синови на светлината“. Откако ги кажува овие зборови, Исус заминува и се крие, очигледно затоа што животот му е во опасност.

Недостатокот на вера во Исус од страна на Евреите е исполнување на зборовите на Исаија дека ‚очите на луѓето ќе бидат заслепени а нивните срца закоравени, за да не се обратат да бидат излекувани‘. Исаија во визија ги видел небесните дворови на Јехова, вклучувајќи го и Исус во неговата претчовечка слава покрај Јехова. Сепак, Евреите, во исполнување на она што го напишал Исаија, тврдоглаво ги отфрлаат доказите дека Овој е нивниот ветен Избавител.

Од друга страна, пак, дури и многу од владетелите (очигледно членови на еврејскиот врховен суд, Синедрионот) всушност почнуваат да веруваат во Исус. Двајца од тие владетели се Никодим и Јосиф од Ариматеја. Но владетелите, барем засега, пропуштаат да ја објават својата вера, од страв да не бидат истерани од своите позиции во синагогата. Колку само губат тие!

Исус понатаму забележува: „Кој верува во мене, не верува само во мене туку и во оној кој ме испрати . . . Но ако некој ги слуша моите зборови, а не ги држи, јас не му судам; зашто јас не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот . . . Речта што ја кажав е таа што ќе му суди во последниот ден“.

Љубовта кон светот на човештвото го поттикнала Јехова да го испрати Исус така што оние кои ќе поверуваат во него ќе можат да бидат спасени. Дали луѓето ќе бидат спасени ќе се одреди според тоа дали ќе бидат послушни на она што Бог му заповедал на Исус да го зборува. Судењето ќе се случи во „последниот ден“, за време на Христовото илјадагодишно владеење.

Исус заклучува со зборовите: „Јас не зборував сам од сопствен поттик, туку самиот Татко кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам. И знам дека неговата заповед значи вечен живот. Затоа она што го зборувам, го зборувам токму онака како што ми го кажа Таткото“. Јован 12:28—50; 19:38, 39; Матеј 3:17; 17:5; Исаија 6:1, 8—10.

▪ Во кои три прилики се слушнал Божјиот глас во врска со Исус?

▪ Како пророкот Исаија ја видел Исусовата слава?

▪ Кои се владетелите што почнале да веруваат во Исус, но зошто не го признаваат тоа отворено?

▪ Што е „последниот ден“, и врз основа на што ќе бидат судени луѓето тогаш?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели