‚Луѓето се смееја‘
Еден човек на отслужување на воениот рок во Унгарија вели дека до неодамна луѓето им се смееле на оние кои зборувале за Библијата. Но времињата се изменија. Пред извесно време војникот испрати писмо до подружницата на Стражарска кула во Будимпешта, во кое вели:
„Пред неколку дена ја прочитав вашата публикација Ти можеш засекогаш да живееш во Рајот на Земјата. Некој ми ја позајми додека не ја прочитам. Она што е напишано во книгата длабоко ме трогна и ме натера на размислување.“ Војникот побарал Библија и натамошни информации. Таквиот одговор повеќе не е необичен во Источна Европа.
Во едно друго писмо кое стигнало во уредништвото во Будимпешта стои: „Ја прочитав книгата Ти можеш засекогаш да живееш во Рајот на Земјата. Книгата остави многу длабок впечаток на мене и ме охрабри да ви пишам за да ве замолам некој Јеховин сведок да ме посети дома за да редовно ја проучуваме Библијата“.
Ти можеш засекогаш да живееш во Рајот на Земјата е книга која дава надеж и укажува на библиските одговори. Таа била орудие кое променило многу животи. Ако сакате да добиете примерок, молиме пополнете и испратете го долниот купон.
[Слика на страница 32]
Од оправдана причина родителот ќе дозволи неговото сакано дете да биде подложено на болна операција. Бог исто така има оправдани причини привремено да дозволи луѓето да страдаат