Песна 183
Местото на младите во Божјето уредување
1. Домот Божји има место за нас сите.
Бог повикува кај себе стар и млад.
Дур насекаде јавуваат за веста,
тие нему одговор му даваат.
Колку сведоштво делотворно е тоа;
каква пристојност и уредност во сѐ.
Пред Јехова тие ценети се многу,
и со радост служат на постарите.
2. Сите млади што му служат на Јехова,
среќна иднина пред себе имаат.
Само замисли што таа ним им носи:
Вечен живот за нив; Рај на Земјата.ѐ
Во меѓувреме живееме во мака,
под зол систем кој ќе падне наскоро.
Да се издржи во таа борба треба;
остани ти лојален на Царството.
3. Добро друштво за нив народот е Божји.
Зошто сега да го љубат светот зол?
Секогаш вработени да бидат тие,
да се гласници за Царството од Бог.
Кога нешто тешко младите ги мачи,
нека својте срца ни ги отворат.
Сепак, најголем е пријател Јехова;
полн со љубов, добро тој ги разбира.
4. Дел од Божјето собрание сме ние,
кое сега Христос го поддржува.
Од нас сите лојалност тој сега бара,
послушност кон него тој очекува.
За да не нѐ привлече кон себе светот,
чисти мисли треба да негуваме.
Млади, стари, да сме верни сега ние;
Бог во вечност сите да го фалиме.