Песна 198
Да го запознаеме нашиот Бог
1. Да јавуваме, штом знаеме,
што мисли Бог.
Нѐ ослободи, спас подготви
со милост тој.
2. Полн со сочувство, најљубезно
ни помага.
Од прав ние сме, Тој свесен е,
ни простува.
3. За Бог можеме да учиме
— увидовме.
Христос пример е, го следиме,
да, секој ден.
4. Полн со љубов е, ние да сме
ко Бог во сѐ.
Објавувај го и името
— вистинит е.