Песна 181
Придружи се во песната за Царството!
1. Ја знаеш ли победничката песна,
Севишниот што го прославува?
Нам песната ни влева надеж, вера.
Дојди и пеј, и ти научи ја:
,Јехова Цар над Земјата,
се веселат небесата‘.
Вест нова дека Христос прими престол,
на почитување поттикнува.
2. Со таа песна објава се шири
за веста дека Христос стана Цар.
Бог прорече: ,Ќе има еден народ;
над Земјата Син Божји царува‘.
,Поклони се пред Бога ти
и, Христос Цар е, објави!
Научи ја ти таа славна песна;
поклони се, Бог благословува.‘
3. Понизните ќе можат да ја пеат
оваа песна, топла порака.
Насекаде ја учи едно мноштво,
и другите ги повикуваат:
,Славете го Јехова Бог,
ја отстрани и смртта Тој‘.
На Бог Јехова пејте фалби сега;
му носи радост нему песната.