Песна 200
По што се познаваат учениците
1. Љубовта ќе потврди
кои се христијани.
Христос лично покажа
што е љубов лојална.
Таква љубов имаат,
таа изобилува.
Живот свој би дариле
за и друг да живее.
2. Таа љубов верна е,
изобилува во сѐ.
Извор е на мудроста,
други благословува.
Христос даде заповед
љубов да покажеме,
себичност да немаме,
туку да помагаме.
3. Склона е кон доброто
и го гради братството.
Грешките ги простува,
љубезна, милостива.
Љубовта ни сведочи
зошто Бог го испрати
синот свој на Земјата.
„Бог е љубов“ вистинска!