Песна 138
Оди со Бог!
1. Со Бог во скромност одиме,
со искреност во сѐ.
Беспрекорност да чуваме,
за сила молиме.
И цврсти сме во вистина,
од зла одвоени;
нас Бог нѐ води секогаш
ко деца понизни.
2. Со Бог во светост одиме,
од гревот бегаме.
Кон зрелост напредуваме
одобрени да сме.
Сѐ што е добро, праведно
и чисто, невино,
на тоа само мислиме,
и чекаме на Бог.
3. Со Бог во верност одиме
и ќе постигнеме
задоволство и побожност,
што вреден посед е.
Ти служи сега радосно
и Бог прослави го.
Ни носи радост голема
да одиме со Бог.