Песна 177
Какви личности треба да бидеме?
1. Јеховин ден во мислите да задржиме.
Кон Него и кон Синот наклоност имаме.
А ноќта одмина и се ближи ден,
сатанскиот зол свет ќе е отстранет.
Потребата од молитва ја признаваме,
во молитва ќе треба да се напрегаме.
Штом молиме со жар, од срце, искрено,
ќе ни дарува мир вистински Бог изобилно.
2. А радоста и мирот наш се очигледни
за луѓето од светот да се привлечени.
Па, какви луѓе е потребно да сме
и какви дела да покажуваме?
Со доверба се стремиме вест да шириме,
за ново небо, нова земја зборуваме,
и како праведност во нив ќе живее.
Таа добра вест до сите луѓе ќе пристигне.
3. Се трудиме во согласност да живееме
со Божјите заповеди, што корисни се.
Од грев нѐ очисти Христос, среќни сме,
и сега Божји мир ние примаме.
Да бидеме беспрекорни посакуваме,
и слободни на Бог Јехова му служиме.
Штом блиски секогаш со него ние сме,
ќе се грижи како пријател и ќе помогне.