Песна 114
Божјата лојална љубов
1. Лојална љубов е
Бог Јехова, семоќен!
Синот го жртвуваше,
секој да е откупен.
Праведност да имаме,
вечно да живееме.
(Рефрен)
2. Љубов е лојална!
Сите дела сведочат.
Бог го даде Христоса
за да биде Цар над нас.
Исполни тој завет свој,
Царството е родено.
(Рефрен)
3. Љубов е лојална!
Нам Бог мир ни испраќа.
,Верен роб‘ ни поставил,
прекрасно го подготвил.
Име носи негово,
ревносно правдајќи го.
(Рефрен)
4. Љубовта лојална
нас нѐ тера секогаш
помош на праведните
ние да им дадеме.
Сите да ги најдеме
и да ги утешиме.
(РЕФРЕН)
Ајде, жедни, дојдете,
вода жива земете.
Дојдете и вкусете,
добрина видете.